Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Енѓелуше Хаџи – Student Admission Coordinator во тимот на Brainster Albania.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

Здраво, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Здраво, јас сум Енѓелуше и сум одговорна за приемот на студенти на Академијата за Front-End програмирање во Brainster Albania. Мојата работна позиција се фокусира на процесот на селекција и избор на мотивирани и посветени студенти кои сакаат да се запишат на Академијата. Исто така, проверувам дали нивниот профил на карактер и вештини се совпаѓаат со она на кое цели Brainster преку Академиите.
Како изгледа еден твој типичен работен ден?
Еден мој типичен работен ден започнува со отворање на софтверот преку кој тимот на student admission проверува дали има нова апликација за Академијата. Потоа, имам можност да присуствувам на различни состаноци, со цел продлабочување на моето знаење во областа на Front-End, а воедно и надополнување на знаењето за одговорностите како дел од тимот на student admission. Освен тоа, можам да читам и некоја книга која ќе ми помогне за мојот личен и професионален раст и развој.

Што правиш во слободно време? Дали имаш некое хоби?
Јас многу го ценам моето слободно време и затоа сакам да ја искористам секоја секунда. Претежно преферирам прошетки во природа или го поминувам времето со најблиските и моето друштво, во адреналински активности кои ме забавуваат.
Меѓу моите хобија, би ги споменала различните спортови кои сакам да ги практикувам, вклучувајќи одбојка и пинг-понг. Исто така, јас сум личност која многу сака да чита книги и не можам да одолеам, а да не прочитам некоја добра класична книга. Дополнително, хоби кое би сакала да го развијам е планинарењето.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Можам да кажам дека флексибилноста, слободата и начинот на кој се организираат работите во Brainster, одржувањето на балансот помеѓу личниот и професионалниот живот никогаш не ми било полесно. Brainster со можностите кои ги нуди, почнувајќи од опцијата за работа од далечина, но пред сѐ, фактот дека оваа компанија во мисијата и вредностите кои ги негува е продуктивноста, а не контролата врз вработените. Ова го прави многу полесно моето Brainster патување. Исто така, да не изоставам дека преку Brainster имам можност да се развивам како личност и како професионалец.

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Моето кариерно патување во Brainster, започна со реченицата “Think Big-Think Brainster”. Поддршката којашто ја добив беше многу топла и континуирана, почнувајќи од фантастичниот персонал на Brainster, продолжувајќи со поддршката кон моето кариерно патување за да бидам Student Admission. Тука сакам да ѝ се заблагодарам на Ивана Андоновска, особено за нејзината неуморна и континуирана работа со мене. Она што најмногу го ценам во Brainster e дека никогаш не си сам и секогаш постои некој кој ќе те поддржи во донесувањето на одлуки.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.
