Во почетокот на новата година, сакаме да ви ги споделиме најважните 8 моменти што се случија на нашата Академија за лидерство и менаџмент во 2023 година:
- Нова Brainster Академија
Изминатата година, Brainster го прошири своето портфолио со уште една иновативна Академија – Executive Academy for Leadership & Management. Целта на оваа Академија е на докажаните професионалци, но и на сите оние што тековно работат или имаат амбиција да се развиваат во областа на лидерството и менаџментот, да им пренесе применливи знаења и вештини кои носат резултати и континуиран раст. Дознај повеќе!
- Каква е позицијата на жените и девојките на лидерски позиции во ИКТ-индустријата?
Истражувањето што го изработи Brainster „Политики за рамномерна застапеност на жените на лидерски позиции во ИКТ-компаниите и поддршка на разновидноста”, прикажува слика на моменталната состојба во ИКТ-секторот. По повод 15 јули – Светскиот ден на вештините на младите, го објавивме целиот извештај од истражувањето, со цел да се намали јазот во образовниот сектор и во индустријата, и да се привлечат млади талентирани жени во секторот што се соочува со недостиг на таленти. Дознај повеќе!
- Доделивме стипендии
Во денешниот бизнис свет, кој брзо се развива, лидерските и менаџерските вештини се поважни од кога било, особено во динамичното поле на информатичката технологија (ИТ). Препознавајќи ја важноста за развој на лидерски таленти во ИТ-секторот, доделивме 6 стипендии наменети за ИТ-компании заинтересирани да ги запишат своите вработени на Академијата за лидерство и менаџмент. Дознај повеќе!
- 7 најпопуларни книги за лидерство и менаџмент
Лидерството и менаџментот се од суштинско значење за организациите бидејќи обезбедуваат успех и постигнување на целите. Без силно лидерство и менаџмент, организациите може само да се трудат да ги постигнат своите цели, но нема да можат да се прилагодат на променливите околности на сè поконкурентниот глобален пазар. Дознај кои се 7-те книги што треба да ги прочита секој лидер и менаџер!
- Запознај ги инструкторите
Го создадовме серијалот „Запознајте ги инструкторите“ за да ви ги претставиме инструкторите на нашата Академија за лидерство и менаџмент. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Сандра Бенбоу – инструктор на модулот за „Дигитална и организациска трансформација“
- Даниел Богнер – инструктор на модулот за „Лично лидерство“
- Ивана Пејак – инструктор на модулот за „Организациско лидерство“
- Јоанис Папаконстантину – инструктор на модулот за „People Leadership“
- Запознај ги студентите
Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент. Дознај повеќе што ни раскажаа: Натали Ристовска, Орјета Зулалај, Маријана Богданоска и Влатко Тучев.
- Dream Team студенти на Академијата за лидерство и менаџмент
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Катерина Попова – Dream Team студент за месец октомври 2023
- Билјана Стевковски – Dream Team студент за месец ноември 2023
- Фросина Мирчески – Dream Team студент за месец декември 2023
- 5 работи кои ги научивме од предавањето за лидерство и менаџмент со Сандра Бенбоу
Како дигитализацијата може да помогне во различни бизнис аспекти? Што е бизнис модел и кои се клучните елементи на бизнис моделот? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Сандра Бенбоу – инструктор на Академијата за лидерство и менаџмент, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 5-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!
Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.