Добредојде, ова е месечниот Brainster билтен во кој ги споделуваме најзначајните новости од изминатиот месец!
24 нови вработувања за мај, 26 нови вработувања за јуни
За зголемувањето на вработливоста и подобрување на процесот на вработување на Brainster студентите е одговорен нашиот тим за ко-иновации и вработување. Тимот обезбедува реални проекти за студентите, и склучува партнерства за вработување со компании соодветни за позициите за коишто се спремни студентите. 50 лица кои ја поминаа пандемијата продуктивно, добија нова работа во мај и јуни и стигнаа чекор поблиску до успешна кариера во дигиталната индустрија. Ви благодариме за соработката! Повеќе
BrainsterLearn – нова дигитална платформа за учење за поквалитетно искуство на Brainster студентите
Светот се менува, а со тоа и потребите во образованието. Нашиот тим континуирано работи на ефикасноста во образовниот процес, елиминирајќи што е можно повеќе бирократски, административни и технички препреки. Со BrainsterLearn, секој студент веднаш по запишувањето добива свој профил преку кој прво ја проследува подготвителната програма, потоа ја комплетира академската програма, по што има и можност доживотно да се навраќа и да пристапува до сите материјали. Повеќе
Прославуваме 4 години од основање на Brainster Академијата за Дигитален Маркетинг
Поразговаравме со Сара за тоа каде ја одведе патот четири години по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг. Сара е голем креативец со најголема пасија за креирање tech содржини. Нејзиното кариерно патување започна токму во Brainster, со голема желба за промена на кариера, па сѐ до нејзината нова позиција денес, како Head of Marketing во германски стартап. Повеќе
Најновите студентски проекти
Теоријата е супер, но вистинското учење се случува преку работа на реални проекти. Издвојуваме неколку проекти со кои се гордееме на нашите студенти:
- Академија за Data Science – Завршен проект: Bank Churn Prediction
- Академија за Data Science – Завршен проект: Beautif.AI класификација
- Академија за Софтверско Тестирање: Pandemic Disease Tracker
- Академија за Data Science: Моќта на PowerBI прикажана преку Netflix визуелизација
- Академија за UX/UI Design: Hiring Website
Повторно отворен повикот за компании
Hiring партнерството на Brainster е двостран процес преку кој работодавците добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани и кои се во согласност со културата и потребите на нивната компанија, а студентите веднаш по завршувањето или во текот на Академијата добиваат шанса за практикантство или вработување.
Платформата за ко-иновации и вработување е еден од најновите продукти на Brainster, комплетно креиран од страна на студентите и наменет за олеснување на процесот на вработување и иновирање помеѓу компаниите и студентите. Оваа платформа содржи богата дата база на студенти вклучително нивните портфолија, интереси и искуства – отворена за користење за сите заинтересирани компании кои имаат потреба од талентиран студент спремен за вработување. Повеќе