Свесни сме дека веќе сме длабоко навлезени во ерата на податоците. Најголемите и најбрзорастечките компании го засноваат својот бизнис и технологии на Data Science (Amazon, Apple, Facebook, Spotify, Tesla, Netflix), а со тоа расте и побарувачката на квалитетен кадар.

На Академијата за Data Science постојано учиме преку работа на реални проекти кои се задолжителен дел од програмата. Преку ваков тип на учење, студентите ги совладуваат најбараните вештини коишто одговараат на актуелните трендови како што се Business Intelligence, Machine Learning и сл.

Во претходниот блог поразговаравме за Најдобриот кошаркар на сите времиња? Oдговорот лежи во податоците“ , а сега ви го претставуваме новиот проект на Филип и Александар којшто беше изработен за Onyx Data – Netflix Challenge со кој го земаa првото место за најдобра визуелизација во PowerBI.

Филип и Александар се студенти од Академијата за Data Science кои заедно соработуваат, постојано работат на проекти, учествуваат на натпревари, и за кои со сигурност можеме да кажеме дека покажаа голема амбиција и ентузијазам и постигнаа голем успех во областа на Data Science.

 

Прочитајте што ни кажаа Филип и Александар за мотивацијата, процесот и самата реализација на овој проект

 

Здраво Филип и Александар ! 🙂 Кажете ни нешто повеќе за себе.

Ако треба некако да се опишеме, веројатно би кажале дека сме двајца Data Science ентузијасти кои делат многу заеднички вредности, карактерни особини и визии. Можеби токму поради тоа и функционираме и се разбираме одлично. Благодарение на Академијата за Data Science на Brainster, имавме прилика да се запознаеме и да соработуваме заедно на два големи проекти, а соработката уште на првиот наш заеднички проект ни донесе голем успех и победничко решение за Macedonia2025, кое е поставено на нивната веб страна. 

Велат довербата се гради цел живот, меѓутоа енергијата, пристапот, па дури и во одредени моменти пожртвуваноста  кои меѓусебно ги препознавме еден кај друг, во тој прв проект, создаде некоја цврста меѓусебна доверба и изгради посебен однос меѓу нас, кој само се надградува и надополнува со текот на времето. 

Она што можеби е интересно, е што и двајцата сме како „маѓепсани“ со PowerBI, па вистинско задоволство ни е кога работиме на некој проект и реализираме некоја заедничка идеја за интересна визуелизација. Навистина уживаме во секоја наша соработка. 



Неодамна бевте дел од натпреварот Onyx Data #DATADNA April 2021, раскажете ни нешто повеќе за овој натпревар? Како се најдовте тука?

За да биде појасно на читателите, ова е една од неколкуте компании кои организираат месечни предизвици за изработка на визуелизации во PowerBI по претходно доставено податочно множество, на кои се пријавуваат и преку стотина учесници од целиот свет и каде најчесто, крајното решение треба да биде претставено преку една слика. 

Вниманието насочено кон нашите претходни решенија иницираше покана од страна на луѓето од Onyx Data да учествуваме на месечниот предизвик за април, на кој требаше да се обработат околу 8,000 податоци од поставениот Netflix датасет.

Бидејќи ова се усогласи со нашата желба која ја имавме од претходно, да изработиме некаква Netflix визуелизација, без размислување прифативме.

 


 

Од каде ја црпевте идејата за да направите проект за Netflix кој има фантастична анализа на податоци и креативна визуелизација?

Важен момент од процесот на изработка, кој истовремено е и доста забавен, е задолжителниот  brainstorming кој го имаме на почеток на секој проект и разработката на десетина различни идеи со сите “pros” и “cons”. Интересно е тоа што секогаш брзо доаѓаме до решение за кое и двајцата сме подеднакво согласни. 

Овој пат, одлучивме нашето решение да ги содржи духот и шармот на Netflix, при што како инспирација ни послужи изгледот на нивната веб страна. 



Со кои алатки, технологии, методи се служевте да изградите и понудите решение кое го зема победничкото место на овој натпревар?

Најнапред, се одлучивме да го дополниме понудениот нецелосен датасет со повеќе од 2,500 податоци, што го сметаме за еден наш мал придонес кон PowerBI  заедницата. 

Следно, направивме селекција на речиси 20 филмски постери и ги прилагодивме со “photo editing” алатки за да одговорат на потребите за нашите визуелни прикази во PowerBI. 

Потоа, дефиниравме на кои прашања сакаме да одговориме со нашите визуелизации, ги дизајниравме истите и на крајот го склопивме мозаикот и го добивме финалниот изглед на решението.

Иако, правилата за учество предвидуваа изработка само на решение во форма на слика, сепак одлучивме да одиме чекор понатаму и да изработиме целосно функционален PowerBI dashboard. Во него подетално може да се видат сите изработени визуелизации и истиот е достапен тука.



Освен што се збогативте со дополнително искуство и уште еден реален проект во вашето портфолио, добивте и награда за вашиот проект. Што би ни кажале за ова?

Да, точно е дека беше предвидена награда за најдоброто решение, меѓутоа тој факт не играше никаква улога во нашата одлука да учествуваме. Она што навистина нѐ направи среќни е тоа што беше препознаена нашата идеја да понудиме уникатно и визуелно невообичаено решение и што истото предизвика навистина огромно внимание. Може слободно да кажеме дека не очекувавме така да се одвиваат работите, но сме пресреќни и благодарни затоа што на крајот испадна сѐ така супер.



Вие сте студенти од нашата Академија за Data Science кои покажаа големо знаење и достигнаа големи успеси. Имате изработено многу атрактивни проекти каде што го имате применето во пракса целокупното стекнато знење. Кој проект до сега ви е најомилен и зошто?

Нашата соработка трае помалку од една година, а започна некаде од месец септември. Доколку се земе предвид фактот дека до крајот на месец февруари бевме ангажирани со обврските од Академијата, времето е прекусо за портфолио кое би вклучувало голем број на завршени проекти. 

Сепак, ние сме горди на сите наши досегашни проекти и резултатите од истите. Еден од принципите по кои се водиме е тој дека за нас не е толку важно колку проекти ќе сработиме, туку кои проекти ќе ги работиме, квалитетот на сработеното да е на највисоко можно ниво, да уживаме додека работиме и на крајот,  двајцата подеднакво да сме задоволни од сработеното. Сѐ помалку или поинаку од ова, нема да го даде разултатот којшто го посакуваме.

Досега, најчесто работевме на проекти кои беа изработени во PowerBI (Macedonia2025 Country Dashboard, The Jordan vs LeBron Challenge, Netflix Challenge), но исто така може да се пофалиме и со квалитетни Machine Learning проекти работени во Jupyter Notebook, едниот за Renoon и вториот, на кој што моментално работиме, исто така за интернационална компанија.

Без да звучиме клише, сите проекти ни се омилени подеднакво, секој на свој посебен начин.  Со секој проект нѐ врзуваат убави моменти, но исто така и напорна работа во време предвидено за социјализација, рекреација и сон. 🙂 

 

 

Какво беше вашето искуство како студенти на оваа Академија којашто бара голема посветеност и постојано вежбање и учење? Што најмногу ви остави впечаток?

Академијата за Data Science бара сериозна посветеност и целосен, безусловен ангажман бидејќи е навистина интензивна и за релативно краток период се поминуваат неколку обемни модули, почнувајќи од Excel и SQL, преку PowerBI, математика и статистика, па сѐ до Python, ML и Big Data. Ние двајцата, иако сме инженери по вокација, Академијата ја започнавме без речиси никакво претходно познавање на проблематиката обработена во програмата, но, сѐ e така добро осмислено и инструкторите се постојано достапни, така што, со доволна посветеност и упорност можни се одлични резултати.



Кои се вашите планови за во иднина? 

Во иднина и двајцата се гледаме во сферата на Data Science и тука планираме да ги градиме нашите кариери. Свесни сме дека имаме уште многу за учење, па нема дилема дека понатамошната професионална надградба ни е еден од приоритетите. 

Покрај проектите кои ги работиме моментално, во подготовка е уште еден заеднички проект со којшто само ќе ја зацврстиме нашата идна соработка, а би сакале и до крајот на годината двајцата да почнеме да ги изработуваме и промовираме нашите проекти под едно заедничко лого. 



И за крај, кој е вашиот совет до оние коишто сакаат да станат идни Data Scientists?

Нашиот совет е да веруваат во себе, да веруваат дека можат и да не се откажуваат. Data Science науката е комплексна, меѓутоа е доста интересна, возбудлива и перспективна. Тоа се карактеристиките на сферата кои ја прават да биде примамлива. Секој кој има афинитети да напредува и да истражува, може да има одлични резултати, а програмата на Академијата на Brainster е така подготвена и тимот стои зад своите студенти, така што секој што ќе се потруди има шанса обидот да го претвори во успех.



На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, а со истите ќе стекнете значителнa предност на пазарот на труд во 2021.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.