Hiring партнерството на Brainster е двостран процес преку кој работодавците добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани и кои се во согласност со културата и потребите на нивната компанија, а студентите веднаш по завршувањето или во текот на Академијата добиваат шанса за практикантство или вработување.
Платформата за ко-иновации и вработување е еден од најновите продукти на Brainster, комплетно креиран од страна на студентите и наменет за олеснување на процесот на вработување и иновирање помеѓу компаниите и студентите. Оваа платформа содржи богата дата база на студенти вклучително нивните портфолија, интереси и искуства – отворена за користење за сите заинтересирани компании кои имаат потреба од талентиран студент спремен за вработување.
“Ние сме нова компанија во IT секторот на Македонија; меѓутоа, со поддршката која што ја добивме од тимот на Brainster, успеавме да ги најдеме најдобрите таленти за нас. Тимот на Brainster ни ја овозможи сета потребна поддршка за да го олесни и да го направи процесот на вработување продуктивен. Задоволни сме со талентите на Brainster и дефинитивно ќе ги користиме нивните услуги за сите идни потреби” – Husam Bamatrf, CEO на Ryaktive – Hiring партнер на Brainster.
Придобивки од Hiring партнерство
- Персонализиран пристап
Hiring партнерството со Brainster на компаниите не само што им овозможува дата база од квалитетни студенти, туку им нуди персонализиран пристап кој ги зема во предвид културата и потребите на компаниите.
Според нивните барања, компаниите добиваат талент маркет на студенти чии вештини и интереси се соодветни на отворената позиција, култура и вредности кои одговараат и се негувани во самата компанија, како и мотивација и иновација која ќе допринесе кон развивање на самата компанија.
- Олеснет процес на вработување
Талент маркетите на студенти се креираат во координација со секој продукт менаџер задолжен за функционирањето на Академијата и понатаму се доставуваат до клиентите преку персонализиран линк за секоја компанија посебно.
Ова значи дека компаниите ги добиваат сите таленти соодветни за нивната позиција на едно место, заедно со нивните портфолија, мотивациски писма, CV и интереси. Преку овој линк, компаниите директно можат да стапат во контакт со студентите и да го продолжат процесот на интервјуирање.
- Кариерни Работилници
Сите студенти, во завршниот модул од нивните Академии, посетуваат кариерни работилници. Овие кариерни работилници се наменети со цел на секој студент да му ја разјаснат сликата за процесот на вработување и интервјуирање.
Дополнително, на овие работилниците студентите добиваат насоки за како да го припремат своето CV, кои проекти се важни за да се прикажат во портфолиото, како изгледа едно интервју, практики за комуникација со работодавци, клиенти итн. Работилниците се водени од професионалци со долгогодишна експертиза од различни релевантни области, пример: HR на голема компанија, креативен директор на маркетинг агенција итн.
Со овие кариерни работилници, студентите се спремни за процесот кој им следува по завршување на Академијата.
- Таленти кои ги поседуваат најбараните вештини на 21-от век
Во текот на своето работење, Brainster има обучено повеќе од 9000+ студенти на Академиите за графички дизајн, дигитален маркетинг, UX/UI дизајн, data science, програмирање и тестирање на софтвер, кои се опремени со најбараните вештини и алатки на 21-от век. Дополнително, студентите на секоја Акдемија имаат шанса за работа на реални проекти со вистински клиенти, при што се стекнуваат со искуство во комуникација и обработување на идеи и идејни решенија заедно со клиенти уште во текот на Академиите.
Преку ова партнерство, вие ќе бидете првите што ќе имаат пристап до оваа база на таленти и шанса да имате first pick на студенти соодветни за вашата компанија.
- Поддршка на млади таленти
Преку вработување на млади талентирани кадри не само што ќе отворите простор за нови иновативни идеи за вашата компанија, туку и ќе допринесете во процесот на трансформација на кариерите на студентите преку овозможување на вистински работни позиции.
Преку вработување на нашите студенти, вие ги менувате животите на младите таленти на кои таа позиција секогаш им била „кариера од соништата“.
Вработи студент преку платформата за вработување.
Процесот на склучување на партнерство
Процесот на склучување на партнерство е олеснет преку новата платформа за ко-иновации и вработување со цел овозможување на брз и едноставен начин на аплицирање за заинтресираните компании.
Првиот чекор во процесот е аплицирање на формата интегрирана на самата платформа, дефинирање на полето на интерес за вработување на студенти (дигитален маркетинг, графички дизајн, UX/UI дизајн, data science, програмирање или тестирање на софтвер) и оставање на контакт информации. Апликацијата е понатаму обработена од страна на тимот за ко-иновации и вработување и компаниите се директно контактирани за организирање на состанок.
На состанокот се запознаваме со компаниите, ги споделуваме меѓусебните вредности и го дефинираме процесот на соработка. Понатаму, потпишуваме меморандум за соработка со кој вие како компанија во иднина континуирано ќе добивате бази на таленти, спремни за работа и во согласност со вредностите на вашата компанија.
Аплицирај и закажи состанок тука.
Досега, сме имале успешна партнерска соработка со повеќе од 100 компании од земјава и странство, меѓу кои: IT Labs, New Moment, Personnel Ltd, X3MLabs, Ryaktive, Devsy, Writtery и многу други.
Посетете ја Hiring платформата и видете ги актуелните таленти
Зголемувањето на побарувачката на квалитетен кадар во IT секторот е евидентна, токму затоа преку овој чекор освен што ќе имате пристап до дата база од Brainster таленти на едно место, туку ова партнерство ќе и помогне на вашата компанија при изнаоѓање на оддржлив начин на вработување кадри соодветни за вашта компанија.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа