Соочени со фактот дека учењето од далечина е новата нормала, тимот на Brainster дојде до идеја да креираме дигитална платформа за учење која ќе им овозможи на студентите поквалитетно следење на наставата и подобрување на нивното искуството.

BrainsterLearn е најважната дигитална алатка што Brainster ја има креирано и која овозможува конзистентен квалитет во процесот на стекнување знаења, вештини и учење на секоја од Академиите. Секој студент веднаш по запишувањето на Академијата добива свој студентски профил преку кој прво ја проследува подготвителната програма, потоа ја комплетира академската програма, по што има и можност доживотно да се навраќа и да пристапува до сите материјали кога и да има потреба од тоа.

 

 

Во претходниот блог ви ја претставивме BrainsterLearn – дигиталната платформа за учење од далечина, како и професионалците коишто ја имаат изградено и кои постојано се грижат да ја направат оваа платформа полесна за употреба.  Во овој блог ќе имате можност да дознаете што ни кажаа студентите за овој продукт. 


Во продолжение си поразговаравме со студентите за нивното искуство со платформата за далечинско учење – BrainsterLearn

 

 

Ана Ристевска – студент на Академијата за графички дизајн

Предизвикот за онлајн настава во време на пандемија беше голем. На почетокот, имав сомнежи дали е правилна мојата одлука и дали треба да почекам да се врати наставата во живо, па да се запишам на Академијата за графички дизајн. Но, Brainster дефинитивно се покажаа како повеќе од спремни за да одговорат на предизвикот, иако за сите ова беше нешто ново.

Платформата за далечинско учење – BrainsterLearn, ни беше централно место каде што ги имавме сите предавања и наставни материјали поставени навремено и беше многу корисна за потсетување на материјалот кога имавме потреба од тоа. Дополнителна мотивација беше табелата со бодови, според која гледавме како и колку напредуваме.

Во денешно време кога речиси сѐ е дигитализирано, да се има ваква платформа на располагање е дополнителна олеснителна околност. Мојот принцип на учење е со запишување белешки и тука ја имав можноста доколку нешто сум пропуштила, лесно да си го најдам предавањето и повторно да го преслушам, што не е случај кога наставата се одвива во живо.

Платформата, како и комуникацијата на Slack каналот беа клучни за навремено да бидеме информирани со предавањата, дополнителните материјали, како и нашиот распоред. Дополнително, со непосредниот, но сепак строг пристап на менторите, целата комуникација беше на високо ниво, со оглед дека цело време ни беа на располагање за консултации, што е поразлично и подобро искуство од досегашното со универзитетските професори, кои не ни беа воопшто достапни додека студирав.

 

 

Кирил Младеновски – студент на Академијата за дигитален маркетинг

Со појавата на пандемијата минатата година, целиот свет беше приморан да се адаптира кон работа и учење од дома. Учењето со „физичко отсуство“ си носи свои предизвици, од кои најголемиот е губење на концентрација за време на самите предавања. BrainsterLearn се покажа како одлично решение за овој проблем. Ни овозможи да ги гледаме снимените предавања во време кое на нас студентите ни одговара, како и да имаме пристап до матријалите потребни за предавањата. Буквално е главното место на кое се одвива процесот на учење (освен онлајн часовите, секако).

BrainsterLearn не само што го олеснува далечинското учење, туку и дополнително ги мотивира студентите. Како? Преку Leaderboard-от. Бидејќи јас сум многу компетитивна личност, Leaderboard-от е можеби и најзаслужен за моите редовни и квалитетни домашни работи. Дури ја имам и доработувано/поправано домашната кај Дарјан само за да ги извадам сите поени. Дополнително, системот за автоматско следење на присуство на предавањата помага секој студент да го извади максимумот од тоа што Brainster му го нуди.

Навистина можам да кажам дека сум презадоволен од платформата. Кога и да имало некаков проблем или идеја што може дополнително да го подобри начинот на учење од моја страна, Ана секогаш била тука да ме ислуша и да го пренесе фидбекот на девелоперската екипа, која во рекордно време го решавала проблемот/имплементирала идејата.

Сметам дека Brainster Learn e одличен проект кој значително ја олеснува работата на студентите преку снимените предавања и материјалите, како и прогрес баровите кои ни даваат знаење до каде сме како студенти на нашето тукушто почнато патешествие во маркетингот.

 

 

Моника Велоска Бадалоска – студент на Академијата за UX/UI дизајн

Платформата е централното место каде секој студент преку повеќе можности кои се понудени може да го следи својот напредок од почетокот на Академијата, па сѐ до нејзиното завршување. Платформата нуди одлични можности, покрај достапноста на часовите, претпрограмата, нуди и бонус материјали за дополнување на вашето знаење.

За мене како студент кој за прв пат се среќава со материјата на UX/UI дизајн од најголемо значење беше претпрограмата која нуди материјали за запознавање со основите на UX/UI и преку која сите студенти можат со исто предзнаење да ја започнат Академијата.

Најголемата предност на платформата е можноста за повторно следење на часовите. Со тоа студентите кои го пропуштиле часот или имаат некои нејаснотии во секое време можат да го прегледаат часот и таа можност ќе ја имаат и по завршување на Академијата.

 

 

Кристијан Панов – студент на Академијата за програмирање

Бидејќи ние сме првата генерација која ја користи оваа платформа можам да кажам дека имавме можност да ја гледаме платформата како се развива почнувајки од основна верзија во која беше ставен акцентот на функционалноста сѐ со цел да се пронајде решение на новонастанатата состојба (забрана за извршување на настава во училници поради Covid-19), па сѐ до денешната верзија во која платформата станува централно место за извршување на наставата. Во тој процес, на самата платформа се додадоа голем број на Features за да ни се олесни користењето на истата, но и да имаме подобар user experience.

Искуството со платформата BrainsterLearn можам да кажам дека ги надмина моите очекувања бидејки самата платформа нуди голем број на опции, како што е Cross-platform поврзаноста со платформата за поврзување на студенти и компании, но сепак според мене најдобрата опција е тоа што имаме целосен пристап до материјалите од сите претходни предавања, како и од снимките на самите часови.

BrainsterLearn влијае многу позитивно во процесот на учење бидејки за разлика од класичните предавања во училница, тука предавањата се снимаат и доколку имаме нешто нејасно секогаш можеме да го побараме предавањето и да го слушаме повторно.

Самиот процес на онлајн учењетп е challenging и си има свои предности и недостатоци, но со платформата BrainsterLearn,  тимот на Brainster се има потрудено и во голема мера има успеано да ги надмине сите тие недостатоци. Исто така, како што напоменав и погоре најголема предност и олеснување кое ни го нуди платформата е тоа што ние како студенти имаме 24 часовен пристап до сите предавања и материјали.

 

 

Христина Шулевска – студент на Академијата за Software Testing

Платформата BrainsterLearn е многу корисна дигитална алатка која овозможува одлична комуникација помеѓу студентите и инструкторите. Преку оваа платформа, студентот има можност да учи и да ги развива своите вештини континуирано и конзистетно. Дополнително, платформата овозможува целосен пристап до материјалите за учење, видеата од предавањата и бодовите што ги добиваме за завршените задачи што претставува одлична можност за нас – студентите да имаме евиденција во својот прогрес за цело времетраење на Академијата.

Морам да признаам дека на почетокот бев малку скептична во однос на учењето од далечина и не ми беше јасно како ќе се одвиваат часовите онлајн, меѓутоа досегашното искуство ми покажа дека првата естимација ми била погрешна, затоа што предавањата се одвиваат по точно дефинирани параметри и тоа што не сме физички присутни воопшто не влијае на процесот на трансфер на знаењето. Платформата го олеснува овој процес, затоа што интерфејсот е user friendly и навигацијата низ самата платформа е едноставна, а тоа пак овозможува секој да ја користи без никаков проблем.

Ваквиот начин на комуникација ја симплифицира работата, како за студентите,така и за инструкторите, затоа што студентите можат во било кое време да поставуваат прашања за материјалите за учење, за предавањата и генерално за било што поврзано за Академијата, а инструкторите имаат можност да имаат евиденција за напредокот на секој студент поединечно и да искомуницираат со студентот доколку сметаат дека студентот има проблем со совладувањето на материјалот што е потребен за да успешно се комплетира Академијата и да понудат помош и солуција за да се надмине проблемот.

 

 

Владимир Вуксановиќ – студент на Академијата за Data Science

BrainsterLearn е алатка која во процесот на учење на Aкадемијата, мене ми е од голема корист. Немам информација како претходно Brainster ги систематизираше предавањата, материјалите и оценувањата на студентите на Академијата, но дефинитивно, со промената и користењето на онлајн начинот на студирање, потребата од ваков вид на платформа се наметна како задолжителна опција, за секој чинител во системот на едукација. Во овој контекст, Brainster, направи добар чекор и воспостави систем/алатка, која го систематизира процесот на студирање на многу лесен и достапен начин.

Далечинското учење, иако ново за поголемиот број од нас, се наметна како нова реалност. Како директно вклучен во системот на спроведување едукација во високото образование, искуството ми покажа дека трансформацијата и насочувањето на предавањата кон метод на далечинско учење, претставуваше шок за поголемиот дел од наставниот кадар, но и за студентите. Ова се однесува многу поизразено за дел од наставата која се изведува во услови каде физичкото присуство е повеќе од потребно. Но овој дел, далечинското учење, според мене, Brainster го реализираше многу успешно. Инструкторите демонстрираат високо ниво на умеења и методи потребни за онлајн предавањата, а сето тоа е запишано и меморирано на BrainsterLearn.

Беше прашање на време кога ќе започне ваков облик на комуникација меѓу студент и наставник/инструктор, како што Brainster користи. Новата реалност и пандемијата овозможи едукативните центри само да ја забрзаат реализацијата на дигитални алатки. Некои едукативни центри фатија приклучок, некои не. Според мене, Brainster покажа добар пристап, брза трансформација во чекор со потребите, но и одличен знак за студентите.

BrainsterLearn ми помага најмногу во делот на пристап кон материјалите. Доколку претходно морав да организирам мој посебен фолдер за материјали, сега преку ваква платформа можам во секој момент да се навратам на сѐ она што ми е потребно. Особено снимениот материјал од предавањата. Всушност видео материјалот којшто е систематизиран по предавања, за мене е клучен момент при користење на материјалите. Токму ваквиот метод на снимање на предавањата, олеснува многу во процесот на учење. 

Јас сум студент кој нема претходно директно искуство во SQL, Power BI, Python, ниту пак со алатките кои ќе се користат во сѐ што ќе следи до крајот на Академијата. Некогаш не може сѐ да се разбере за време на предавањата. Особено кога работите ќе почнат да се комплицираат . Но, можностa повторно да ги прегледам предавањата за мене е од огромна корист. А систематизацијата на темите, на платформата, само го забрзува/олеснува прегледувањето на предавањата и симнувањето на материјалот кој што се користел за време на предавањето.

 

Совладајте ги најбараните дигитални вештини на денешницата и отворете си го патот кон кариера каква што посакувате.  Академиите на Brainster им помогнаа на многу студенти да ја направат посакуваната дигитална трансформација и да бидат во тек со промените кои што ги носи иднината. 

Доколку сакате да станете дел од IT светот, разгледајте ги програмите кои што ги нудат Академиите на овој линк.

Прочитајте овде повеќе за успешните кариерни трансформации на нашите студенти.



Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫