Месец мај го одбележавме како еден од најуспешните месеци во полето на вработување. Среќни сме што 24 од нашите студенти се вработија во домашни, но и во интернационални компании. Им посакуваме среќа и многу успех на сите нововработени!
Зголемувањето на вработливоста и подобрување и унапредување на процесот на вработување на нашите студенти се клучните цели на тимот за ко-иновации и вработување на Brainster. Ова во најголема мера го правиме преку овозможување на креативни и иновативни реални проекти за нашите студенти и склучување на партнерства за вработување со компании соодветни за позициите за коишто се спремни студентите.
Во месец мај, студентите спроведоа 5 успешни проекти и 24 успешни вработувања и тоа во големи компании како: Writerity, Musala, Quantox, Devsy, Fire & Spark, SignUp Digital, Park Limited, NicheStack, CAPCargo, ResultStory, SoPro, Amio, InScale, Optima и други.
Дополнително, во месец мај склучивме едно партнерство за вработување со Јапонската компанија Writerity каде се наоѓаат на пракса 4 наши студенти од Академијата за графички дизајн кои во наредните 3 месеци ќе се обучуваат за motion design. За ова партнерство повеќе ќе слушнете наскоро.
“Ние сме нова компанија во IT секторот на Македонија; Меѓутоа, со поддршката којашто ја добивме од тимот на Brainster, успеавме да ги најдеме најдобрите таленти за нас. Тимот на Brainster ни ја овозможи сета потребна поддршка за да го олесни и да го направи процесот на вработување продуктивен. Задоволни сме со талентите на Brainster и дефинитивно ќе ги користиме нивните услуги за сите идни потреби” – Husam Bamatrf, CEO на Ryaktive – hiring партнер на Brainster
Кога станува збор за процесот на вработување, се трудиме да го направиме едноставен и ефикасен, како за нашите студенти – така и за компаниите кои бараат вработување или пак нашите партнери за вработување. Посветуваме внимание кон внимателно селектирање на соодветни кандидати за отворените позиции, сме во константен контакт со студентите и компаниите за сите дополнителни потреби и даваме сѐ од себе за да го зголемиме процентот на вработувања на нашите студенти и да внесеме иновативни умови во компаниите.
Аплицирањето за партнерство за вработување го направивме брзо и лесно преку новата платформа за ко-иновации и вработување. Преку склучување на ова партнерство секогаш обезбедуваме внимателно избрани кандидати, во согласност со културата и визијата на вашата компанија, кои ќе бидат спремни за сите нови предизвици. Ако сѐ уште не сте сигурни за ова партнерство, во претходниот блог напишавме Неколку причини зошто да станеш Brainster партнер за вработување.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа