UX/UI решение креирано од нашите студенти за сите компании кои имаат потреба од tech таленти


На Академијата за UX/UI дизајн нашите студенти постојано работат на реални проекти за реални клиенти кои стануваат дел од нивното дизајнерско портфолио. Преку овој начин на работа, тие учат нови алатки, техники, како да ги почитуваат роковите и да создадат продукт кој ќе е доволно интуитивен и функционален како за корисникот, така и за клиентот.

Платформата за ко-иновации и вработување на Brainster e еден од најновите продукти креиран целосно од нашите студенти. Оваа платформа е наменета за да го олесни процесот на ко-иновирање на идеи и вработување на талентирани студенти. Токму поради ова, решивме да дадеме целосна доверба на студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн при креирање на оваа платформа како едни од главните корисници на истата.

Идејата позади платформата лежи во потребата од двонасочен пристап при обезбедување на еднакво задоволство и третман како на нашите студенти, така и на компаниите клиенти кои имаат потреба од иновативни решенија за проекти или пак отворени позиции за талентирани студенти. Оваа платформа е отворена за сите оние кои се заинтересирани за соработка при вработување или пак ко-иновација и е перфектен пример за што сѐ можат да направат талентите на Brainster.

 

 

Во продолжение си поразговаравме со тимот кој работеше на Hiring платформата и понуди одлично UX/UI решение. Прочитајте што тие ни кажаа:

 

  • Здраво дечки, претставете се на кратко со цел да ве запознаат идните студенти!

Здраво, ние сме студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн на Brainster и во претходниве 8 месеци ја усовршувавме оваа вештина која ни овозможува да создаваме целосни и функционални продукти.

 

  • Вие сте тимот на студенти на кои Brainster им ја даде целата своја доверба за дизајнирање на Hiring платформата. Како започна целата соработка?

Brainster одлучи одговорноста за проектот Hiring да ја додели на овој тим со причина, а тоа се должи на претходните достигнувања на секој од поединците како активни и исполнителни студенти од групата. Уште кога се формираше тимот знаевме дека проектот ќе биде успешен.

 

  • За што поточно станува збор?

Станува збор за online платформа која на компаниите во tech индустријата ќе им нуди брз, ефикасен и персонализиран пристап кон талентирани кадри (кон нас студентите) кои се подготвени за вработување. 

 

 

  • Што мислите за овој проект? 

Постоењето на оваа платформа значително го скратува процесот при потрага на квалитетен кадар на компаниите, но и на самите студенти. Овој проект значително ќе им помогне на сите Brainster алумни да дојдат до вработување, секако и на заинтересираните работодавци да најдат кандидати какви што им се потребни. 

 

  • Која беше вашата задача? Која е приказната зад Hiring платформата? 

Нашата задача беше да ја осмислиме и дизајнираме оваа платформа и нејзините функционалности, па потоа да ја предадеме на development тимот. Приказната зад овој проект потекнува од потребата да се забрза и поедностави процесот на регрутирање на таленти меѓу работодавците и Student success тимот на Brainster.

Една од работите на кои се насочивме е како најдобро да ги претставиме кандидатите за вработување со нивните вештини и искуство. Исто така, сакавме да го оптимизираме процесот на контактирање на заинтересираните работодавци со Student success тимот.

 

  • Кои беа насоките и барањата на клиентот?

Изработка на online платформа која ќе биде лесна за користење и доволно интиутивна за да ја врши својата цел – поврзување на компании со соодветно кфалификуван кадар.

 

 

  • Со кои предизвици се соочивте за да дојдете до финалното решение? Која беше тајната за нивното надминување? 

Тајната за надминување на сите потешкотии и предизвици е истражување во областа, тимската работа при решавање на проблемот и секако консултации со тимот на Brainster, во овој случај нашиот клиент.

 

  • Со кои технологии и алатки се служевте? 

Adobe Xd (wireframes, user flows, UI) , Illustrator (shapes and icons) , Photoshop (image editing).

 

  • Што најмногу ви се допадна додека работевте тимски за да го реализирате овој проект? 

Споделувањето на идеи, искуства и мислења. Исто така, и соработката со клиентите и development тимот која, на дел од нас кои немале претходно такво искуство, ни даде идеја како функционира овој процес во реалниот свет.

 

 

  • На кој начин Академијата за UX/UI дизајн ве спреми да бидете сигурни во себе, полни со самодоверба да работите на еден ваков проект којшто е достапен за користење на пошироката јавност? 

Неописливо е чувството на гордост и радост кога ваш проект ќе излезе во јавност. Голема благодарност до Brainster за можноста да го примениме целото знаење што го стекнавме на Академијата во изминатата година. Работата на реални проекти при учење нови вештини е клучна за стекнување на искуства и самодоверба во оваа индустрија.

 

  • И за крај, кој е вашиот совет за сите оние коишто сакаат да започнат future proof кариера како UX/UI дизајнери?

Доколку емпатијата ви е јака страна и сте креативна и комуникативна личност, ова е правата професија за вас!

 

На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа