Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 12 моменти што се случија на нашата Академија за Project & Product менаџмент во 2023 година:
- Запишани повеќе од 50 студенти, оформени 2 групи
Оваа година на Академијата за Project & Product менаџмент се запишаа повеќе од 50 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 6 и 7 на Академијата за Project & Product менаџмент.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите
Во нашите простории се одржаa Opening Networking настан, каде што се запознавме со студентите од новите групи на Академијата за Project & Product менаџмент. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите коишто ја комплетираа програмата.
- AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје
Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе!
- Изработка на веб и мобилна апликација – SAFEBLINK
На овој хакатон во живо, повеќе од 100 студенти работеа на изработка на веб и мобилна апликација наменета за едукација на младите во полето на заштита на лични податоци и користење на податоци онлајн. Хакатонот произлезе како дел од проектот на Швајцарска амбасада – „Поддршка на изборни реформи“ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни реформи (IFES). Дознај повеќе!
- Изработка на иновативна едукативна веб-платформа
Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова се зборовите со кои студентите од Brainster академиите и Brainster Next College го опишаа live хакатонот што се случуваше во нашите канцеларии. 140 студенти и инструктори работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која на иновативен начин ќе го автоматизира процесот на организирање на настани, слични на хакатоните, за клиентот SCIDEV Albania. Дознај повеќе!
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Христина Василевска Димчевска, Ивана Жилевска и Славчо Јованоски кои по завршувањето на нашата програма за проектен и продукт менаџмент ги исполнија своите кариерни цели. Честитки на сите и продолжете да редите успеси!
- Откриј како е да се биде продукт менаџер!
Во оваа блог објава, ќе можеш да ја запознаеш Даринка Буровска, ментор за Product Management и Product Discovery, како и основач на darinka, а воедно и дел од инструкторскиот тим на Академијата за Project & Product менаџмент. Таа ни сподели што значи да се биде продукт менаџер и како изгледа еден ден во животот на продукт менаџерот. Дознај повеќе!
- Останете фокусирани на својата цел
Олга Пујаз Петрушевска е инструктор на Академијата за Project & Product Management, а воедно и проект менаџер во компанијата Singular, која е дел од iGaming индустријата. Во продолжение, Олга ни откри што се учи на модулот кој таа го предава, како и совети за успешно совладување на истиот. Дознај повеќе!
- Победничко решение од Академијата за Project & Product менаџмент за фестивалот When in Krusevo
Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент работеа на реален проект за реален клиент и креираа одлични решенија. Тие имаа задача да направат подготовка на проект за развивање на мобилна апликација за фестивалот When in Krusevo. Дознај повеќе!
- Победничко решение за клиентот Velnes.mk
Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент постојано работат на реални проекти за реални клиенти, каде што можат да ги искористат своите новостекнати знаења и вештини. Последниот проект на кој тие работеа беше да креираат продукт менаџмент план за клиентот Velnes.mk за online закажување на термини. Дознај повеќе!
- Победничко решение за клиентот Абилити
На Академијата за Project & Product Management теоријата се среќава со праксата, а студентите тргнуваат на трансформативно патување за учење. Со таа цел, тие имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да креираат Project Management Plan за клиентот Абилити. Дознај повеќе!
- Победничко решение за клиентот Пари
Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да креираат целосен project management план и анализа на пазарот за финансискиот медиум Pari.com.mk. Дознај повеќе!
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на менаџментот со проекти и продукти!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.