Невенка Димовска – Dream Team студент на Академијата за Човечки Ресурси

Запознајте ја Невенка Димовска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец јули 2022.

 

Име и презиме: Невенка Димовска

По професија: Психолог

Академија: Академија за Човечки ресурси

Зошто баш менаџмент на човечки ресурси: Затоа што работата и комуникацијата со луѓе ме исполнува. Сакам предизвици и пронаоѓање на креативни решенија и оваа област ми го нуди токму тоа.

Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивира љубовта и љубопитноста што ја имам кон областа, во случајов областа на човечки ресурси. Колку подлабоко навлегувам во одредена тема, толку повеќе мотивација добивам за возврат.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Досега најинтересна работа ми беше мотивација на вработени бидејќи не постои еден единствен пристап кој функционира за секој. Научивме како да размислуваме, анализираме и препознаваме што е тоа што го мотивира тој вработен како индивидуа со свои лични карактеристики и потреби.

Омилен модул и зошто: Регрутација и онбоардинг на вработени. Ме привлече динамичноста и големиот број на практични вежби што ги имавме.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Инструкторките Лилјана и Ана ми оставија најголем впечаток бидејќи и преку екран можев да ја почувствувам нивната посветеност и љубов спрема тоа што го работат и ни го пренесуваат нас.

За 5 години сакам да бидам: Навистина тешко прашање за мене. Имам многу желби и идеи што сакам да бидам, па ќе оставам патот сам да ме однесе.

Хоби: Читање книги, слушање музика и готвење.

Омилена книга: Под мермерно небо

Омилен цитат: „It always feels impossible until it’s done.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Trending Stories That Might Interest You