Александра Саздова – Dream Team студент на Академијата за Software Testing

Запознајте ја Александра Саздова – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец јули 2022.

 

Име и презиме: Александра Саздова

По професија: Дипломиран економист

Академија: Академија за Software testing

Зошто баш Software Testing: Јас сум многу љубопитна личност. Цел ми е да ги разберам нештата како функционираат и како може да се подобрат.

Што те мотивира постојано да учиш: Секогаш се стремам кон лично подобрување. Мислам дека е многу важно како личност постојано да растеш и да се надградуваш.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересни ми се примерите од реалноста. Затоа што може да видиме како сето тоа што го учиме на Академијата се применува во практика. Или во одредени случаи што се последиците ако не е применето.

Омилен модул и зошто: Омилен модул досега ми е тест дизајн. Затоа што имаме можност сами да пишуваме тест кејсови користејќи ги различните техники и методи што досега ги изучивме.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Имаме одлични инструктори на Академијата и презадоволна сум од поддршката што ни ја пружа целиот тим на Brainster. Но морам посебно да ја споменам Кате. Таа не само што има одлично познавање од својата област, туку и редовно успева да ни го пренесе тоа знаење на нас како почетници. Спремна е да ни одговори на сите прашања, дури и по повеќе пати, додека го совладаме материјалот.

За 5 години сакам да бидам: Вработена како Automation Tester

Хоби: Оригами, видео игри, јога.

Омилена книга: Не можам да одберам една омилена книга, но ќе ја споменам првата книга што во мене ја разбуди љубовта кон читањето. Тоа беше „Повикот на дивината”  од Џек Лондон.

Омилен цитат:Not all those who wander are lost.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Trending Stories That Might Interest You