Запознајте ја Ане Китаноска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец јули 2022.

 

Име и презиме: Ане Китаноска

По професија: Машински инженер

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Ја избрав оваа Академија, бидејќи мислам дека по завршувањето конечно ќе можам да одговорам на прашањето „што сакам да бидам кога ќе пораснам?“

Што те мотивира постојано да учиш: Континуираното подобрување. 🙂 

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: На Академијата научив многу работи, но би сакала да издвојам дека преку презентирањето на домашните задачи за време на часовите во живо го победив стравот од зборување пред поголема група на луѓе.

Омилен модул и зошто: И покрај тоа што зборот project беше тој што ме привлече да се запишам на Академијата, а не product, омилен модул ми беше токму оној за product, бидејќи имаше потреба од најголема креативност.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Мојот ментор – Ивана, ме воодушевува во секој поглед.

За 5 години сакам да бидам: Задоволна со тоа што го работам.

Хоби: Прошетки со слушалки во уши.

Омилена книга: Било која од Зафон.

Омилен цитат: „What you seek is seeking you.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!