Запознајте ја Бојана Савеска – Левеска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец јули 2022.

 

Име и презиме: Бојана Савеска Левеска

По професија: Финансиски менаџмент- банкарство

Академија: Академија за Дигитален маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Иднината на Дигиталниот маркетинг доаѓа како последица на дигитализацијата на бизнисите и зголемување на потрошувачката свесност. Веќе неколку години размислував на оваа тема и одлучив подлабоко да навлезам во оваа обемна тематика, која е воедно и многу креативна и инспиративна.

Што те мотивира постојано да учиш: Јас сум во основа човек кој сака да напредува, да се усовршува и да учи постојано. Сметам дека во денешно време е неопходно зголемување на знаењето и преквалификација според трендовите на пазарот на трудот и во светот на бизнисот, како и задоволување на сопствените амбиции.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Brands are built like humans. Make sure your identity and your interactions reflect your core. – Digital Marketing Strategy

Омилен модул и зошто: Засега немам омилен модул, ќе видиме на крајот на Академијата. Некако сите модули се интересни на свој начин и нормално поврзани едни со други. Со голема леснотија се снаоѓам низ модулите, иако најискрено мислев дека ќе ми биде потешко.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија многу позитивен впечаток, не би можела да издвојам. Би ги издвоила нивната достапност, желбата за пренесување на што повеќе информации, позитивноста при предавањата, практичното пренесување на работите, работата во тимови и поддршката од колегите.

За 5 години сакам да бидам: Дигитален маркетер со 5 годишно искуство. 🙂 

Хоби: Повеќе од 10 години активно се занимавам со јога.

Омилена книга: The Greatest Secret – Rhonda Byrne

Омилен цитат: „You are the only one who can create the life you deserve.“

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!