Запознај ја Ивона Момчиловска – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Ивона Момчиловска

По професија: Студент

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш Front-End: Најмногу ме привлече тоа што оваа област е многу перспективна и ценета, но и тоа што како front-end developer постојано работиш на нови проблеми, а преку тоа постојано учиш нови работи.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да се подобрувам и да стекнам нови вештини кои ќе ми помогнат да се изградам како личност, но и да напредувам во кариерата.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Доколку нешто ми е интересно и се посветам на истото, успехот е неизбежен.

Омилен модул и зошто: Досега сите модули беа интересни, но ќе ги издвојам Bootstrap и JavaScript. Bootstrap како framework за front-end web development го направи креирањето на целосно респонзивна веб страница, многу едноставно и брзо. Со JavaScript, како програмски јазик кој моментално го учиме, ни се развива логиката – без која не може да се напредува во оваа област.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Навистина не можам да одберам само еден, па затоа ќе набројам неколку. Најпрво, Благица Стојановска, бидејќи со неа започнавме. На лесен и едноставен начин ни ги објасни основите кои се клучни за совладување на сѐ понатаму. Ивица Пешовски, човек со огромно знаење кое знае да го пренесе на начин што секој би го разбрал. За крај, менторот и сегашниот инструктор за JavaScript, Огнен Бендевски. Материјалот ни го предава на разбирлив начин, но додава и реални примери и совети кои многу ќе ни помогнат во иднина.

За 5 години сакам да бидам: Успешен Front-End Developer.

Хоби: Читање книги, гледање на филмови и серии, како и прошетки.

Омилена книга: Percy Jackson & the Olympians – Rick Riordan

Омилен цитат:Be the change you want to see in the world.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!