Запознај ја Ива Јаскоска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Ива Јаскоска

По професија: Инженер за квалитет

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Бидејќи е динамична средина која бара добро планирање и менаџирање на обврските поврзани за еден успешен проект. Постојано има новини, континуирано има надградувања на алатките и методологиите кои се користат.

Што те мотивира постојано да учиш: Сопствениот развој бидејќи не сакам да тапкам во место. Со стекнувањето на нови знаења, постојано се усовршувам и истите можам да ги применам во секојдневната работа, а воедно и поефикасно да ја имам завршено истата.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Буџетирање. Бидејќи тој дел навистина ми недостасуваше и ме натера дополнително да ја истражувам таа област.

Омилен модул и зошто: Agile & Design Thinking методологии. Овој модул за мене беше доста непознат, бидејќи сум навикната да работам по традиционалната waterfall методологија. Преку агилниот пристап, можеме да бидеме потранспарентни на барањата кои ги имаат клиентите со што постојано ќе имплементираме подобрување на продуктот.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Тешко може да се одвои само еден. Секој инструктор на Академијата несебично го споделува своето знаење, со голема посветеност. Но, кога би одвоила еден, тоа би била Олгица Стрезоска.

За 5 години сакам да бидам: Успешна во тоа што го работам.

Хоби: Спортување

Омилена книга: The Happiness Equation

Омилен цитат: “See thing in the present, even if they are in the future!“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!