Запознај го Игор Талевски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Игор Талевски

По професија: Мајстор за кондиторски производи

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш Full-Stack: Бидејќи е професија која нуди доста можности за работа и надградување. Исто така, ме привлече тоа колку е флексибилна оваа професија, во однос на работното време и локацијата, а воедно и слободата која ја нуди.

Што те мотивира постојано да учиш: По природа сум доста компетитивен, а оваа Академија претставува предизвик за мене бидејќи немам никакво претходно познавање од областа. Самиот тој факт ме тера да дадам сѐ од себе.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека не е возможно да знаеш сѐ од оваа област. Најважно е да стекнеш вештини и техники со кои најлесно ќе ги совладуваш сите нови технологии.

Омилен модул и зошто: Датабази, бидејќи е интересно структурирањето и планирањето на истите, како и логиката која е потребна да ја имплементираме за да добиеме одреден резултат.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Анастасија е супер инструктор и ѝ завидувам на трпението кое го има со нас, студентите. Како што нѐ запознава, нејзините предавања се сѐ подобри. Најголем впечаток ми оствари Јордан. Неговиот стил на излагање и споделување на практични искуства, најмногу одговараше на мојот стил на учење и сметам дека ми пренесе многу наики кои ми помагаат да напредувам.

За 5 години сакам да бидам: Искусен Full stack developer со можности за кариерен раст и развој.

Хоби: Планинарење, кампување, серии и филмови.

Омилена книга: Изгубениот симбол – Ден Браун

Омилен цитат: “Everything is possible. The impossible just takes longer.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission тим за повеќе насоки и детали за програмата!