Запознај ја Ева Ристова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Ева Ристова

По професија: Дипломиран инженер по дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Академија: Академија за UX/UI Дизајн

Зошто баш UX/UI: Комбинацијата на повеќе дисциплини ми го разбуди интересот. Додека истражував, сфатив дека UX/UI дизајн не е монотона работа, се среќава со многу предизвици и секогаш учиш нешто ново.

Што те мотивира постојано да учиш: Флексибилноста која ја нуди оваа професија, како и креативноста и иновативноста. Низ текот на денот се среќаваме со огромен број на веб страници и апликации, и кога знаеш дека можеш да бидеш дел од истите и да го подобриш искуството на корисникот, вреди да се трудиш.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Секој модул носи нови работи и сите посебно се многу интересни и возбудливи. Ако можам да издвојам нешто најинтересно, тогаш е кога научивме како да правиме прототипи вклучувајќи како тие да се анимираат, движат за добар кориснички интерфејс.

Омилен модул и зошто: Дефинитино User Interface – UI во комбинација со Design. Тие два модули беа исполнети цело време со работа бидејќи имавме реален проект, но ни во еден момент не почувствував потешкотии. Едноставно уживав.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Александар Нофитоски кој ни ги предаваше UI и Design модулите. Ажурен професор, секогаш беше тука за сѐ што ни треба, со огромна мотивација да работи со нас. Што дополнително нѐ мотивираше и ни пренесе големо знаење од областа.

За 5 години сакам да бидам: Успешен дизајнер, можеби со моја компанија и задоволни клиенти, со многу проекти зад мене.

Хоби: Ги имам премногу, но сите ме знаат како „bookworm“ од малечка, како и цртањето кое многу ми помогна да ја развијам креативноста.

Омилена книга: IT од Stephen King и Educated од Tara Westover.

Омилен цитат: “I am going to make everything around me beautiful—that will be my life.”

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!