Антонијо Стојановски – Dream Team студент на Академијата за Човечки Ресурси

Запознај го Антонијо Стојановски – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Антонијо Стојановски

По професија: Дипломиран менаџер по туризам

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш човечки ресурси: Ги сакам луѓето, ја сакам работата и комуникацијата со луѓето, а воедно и сакам да истражувам во областа на човечките ресурси.

Што те мотивира постојано да учиш: Сите нови работи коишто имаат позитивно влијание ме мотивираат да ги научам. Исто така, имам мотивација и за истражување на нова литература.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Сите лекции и вежби се интересни и за мене се од огромно значење. Сепак ја издвојувам практичната вежба со учество на mock-up интервјуата, каде што покрај теоријата и домашните задачи, ми беше овозможено уште повеќе да ги развивам моите вештини.

Омилен модул и зошто: Сите модули се прекрасни и се од огромно значење, но сепак ќе издвојам неколку модули.

  • Регрутација, селекција, онбординг на вработени – се учи како да се пронајдат соодветните кандидати за определена работна позиција на пазарот, од начинот на објавување оглас за работа, интервјуирање кандидатите, па се до нивното вработување.
  • Мотивација и наградување на вработени – мотивацијата е значаен фактор за вработените да останат лојални на компанијата.
  • Обука и развој на вработени – креирање план и воспоставување начини во однос на обука и развој на вработените во една компанија.
 

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можел да издвојам бидејќи сите инструктори ми оставија позитивен впечаток.

За 5 години сакам да бидам: Да имам изградено кариера во HR светот.

Хоби: Пeшачење, читање книги.

Омилена книга: 365 дена свесни – Ана Бучевиќ

Омилен цитат: „Секогаш следете ги соништата, вложувајте напори за нивна реализација, а со тоа ќе постигнете огромни успеси.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!