Симона Симоновска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознај ја Симона Симоновска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Симона Симоновска

По професија: Front-End Developer

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Визуелното претставување на нештата е од поголема важност отколку што изгледа, а графичкиот дизајн е област која мене може да ме подготви како најдобро да го правам тоа и да ги остварам сите мои идеи.

Што те мотивира постојано да учиш: Секоја нова задача на Академијата претставува предизвик за мене. Совладувањето на предизвиците е еден вид на игра која ми е задоволство да ја играм.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Типографијата е една многу моќна област. Типографијата комуницира со нас преку емоција, дава важност на дизајнот, повикува, потенцира, обединува. И во многу случаи, типографијата може да биде забавна и да насмее.

Омилен модул и зошто: Омилен модул, дури и пред да го слушаме, ми е Типографија. Се восхитувам на тоа колку еден текст може да го подобри дизајнот и на колку начини може да се пренесе порака.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Небојша Гелевски – Бане за мене е еден инструктор кој е максимално подготвен, знае како позитивно да те „искритикува” и да те мотивира. Бане е многу забавен на предавањата, а учење преку забава е нешто што секогаш ќе го одберам.

За 5 години сакам да бидам: Графички дизајнер со собрано искуство од сите области на графичкиот дизајн и бројни дизајни позади мене.

Хоби: Цртање

Омилена книга: Хари Потер серијалот

Омилен цитат: „Great things take time.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!