Запознај ја Људмила Коруновска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец септември 2022.
Име и презиме: Људмила Коруновска
По професија: Analyst / Дипломирана по политички науки и меѓународни односи
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш оваа област: Би сакала да го надградам моето академско знаење во политичките односи со релевантна техничка експертиза. Верувам дека комбинацијата на овие две сфери ќе ми помогне да придонесам за значајни резултати со креативни решенија во сферата на односите со јавноста.
Што те мотивира постојано да учиш: Мотивирана сум од одличните резултати кои доаѓаат како резултат на напорната работа. Секогаш ја имам на ум мојата крајна цел и ова го одржува моето ниво на мотивација секогаш високо.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Е тоа колку е лесно во денешно време да се поттикнат луѓето да дејствуваат на одреден начин врз основа на стратешките маркетинг активности.
Омилен модул и зошто: Посебно уживав во теоретскиот модул „Вовед во дигитален маркетинг“ бидејќи ни ги објасни основите на дигиталниот маркетинг на многу интересен и хронолошки начин. Откако го совладав овој модул, се чинеше дека останатите модули и теми се вклопуваат многу природно.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Дарјан Раденковиќ – Мислам дека е одличен оратор и ефективен комуникатор. Неговите предавања ми беа многу интересни и информациите што ни ги даде беа многу корисни. Начинот на кој тој презентираше, му олеснува на слушателот да ги разбере информациите, а истовремено да е заинтересиран за целата дискусија/предавање.
За 5 години сакам да бидам: Проектен консултант во компанија за односи со јавност.
Хоби: Гледање на документарци, читање на книги и спортување.
Омилена книга: Feminism Is for Everybody: Passionate Politics – Bell Hooks
Омилен цитат: “Opportunities don’t happen, you create them.”
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!