Запознај го Марјан Горчески – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец септември 2022.

 

Име и презиме: Марјан Горчески

По професија: Сметководител

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Затоа што склопот на напредна аналитика и статистика со специјализирано програмирање, вештачка интелигенција и машинско учење, се одличен предизвик. Да бидеш Data Scientist значи многу кариерни можности, како и напредок во кариерата.

Што те мотивира постојано да учиш: Погледот кон пошироката кариерна слика.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Методите и практиките за манипулација на податоци во Python.

Омилен модул и зошто: Секој следен модул ми е новиот омилен.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Уште ги немам запознаено сите инструктори, но досега сите беа одлични.

За 5 години сакам да бидам: Data Scientist, се разбира.

Хоби: Видео игри

Омилена книга: Стрип фан, би можел да го издвојам Watchmen како омилен, a моментално го чекам новото издание на Eight Billion Genies.

Омилен цитат:Even if you’re on the right track, you’ll get run over if you just sit there.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!