Запознај ja Магдалена Димитриевска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец септември 2022.
Име и презиме: Магдалена Димитриевска
По професија: Фармацевт
Академија: Академија за Software Testing
Зошто баш Software Testing: По природа сум идеалист, секогаш се стремам кон перфекција, а за добар софтвер, неопходна алка во процесот е и добар тестер.
Што те мотивира постојано да учиш: Сакам да бидам добра во тоа што го работам. Постојаниот фокус на континуираната надградба и стекнувањето на нови вештини, е неопходен за успех на долги стази.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Да пишувам автоматизирани тестови.
Омилен модул и зошто: Selenium Web Driver – затоа што тука научив автоматско тестирање.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Димитри – енергичен, строг. demanding. Инсистираше на активно учество и задачите што ги даваше беа со предизвици.
За 5 години сакам да бидам: QA Lead, да работам на Digital Health софтвер. Би сакала да го спојам претходното со новото стекнато знаење.
Хоби: Сложувалки – што повеќе парчиња, тоа подобро.
Омилена книга: Неподнослива леснотија на постоењето – Милан Кундера
Омилен цитат: „Она што го правите зборува толку гласно, што не можам да го слушнам она што го кажувате.“
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!