Елена Ѓорѓиевска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознај ja Елена Ѓорѓиевска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец февруари 2023.
Име и презиме: Елена Ѓорѓиевска
По професија: Дипломиран преведувач
Академија: Академија за графички дизајн
Зошто баш оваа област: Графичкиот дизајн го одбрав за подобро креативно изразување, каде што може да се доловат различни идеи, пораки, чувства, па дури и емоции преку слика.
Што те мотивира постојано да учиш: Да излезам од комфорната зона и да научам нешто ново. Она што една здодевна работа може да го направи е монотонијата, а со графичкиот дизајн никогаш не може да ти биде досадно, секогаш има нови работи кои носат многу предизвици.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Стануваш пољубопитен, почнуваш да забележуваш работи што не си ги забележувал досега, билборди, знаци, флаери, менија, веб-страници, буквално се каде што има дизајн. Тоа станува дел од тебе. Секако и совладувањето на софтверите.
Омилен модул и зошто: Лого и визуелен идентитет – интересно е да се види како се претставува секој бренд, како комуницира со своите потрошувачи. Би го издвоила и Motion Design каде научивме како нашите дизајни да ги оживееме во видео анимација.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија голем впечаток, професионални и достапни за фидбек во секое време, но би ги издвоила Небојша Гелевски-Бане и Иван Дургутовски.
За 5 години сакам да бидам: Успешен графички дизајнер со свое студио за дизајни.
Хоби: Читање книги, патувања, серии…
Омилена книга: Книгите на Лусинда Рајли
Омилен цитат: “Don’t lose hope. Everything happens for a reason you never know what tomorrow may bring.”
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!