Запознај ја Александра С. Саздов – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец февруaри 2023.

 

Име и презиме: Александра С.Саздов

По професија: Архитект

Академија: Академија за Project & Product Management 

Зошто баш оваа област: Бидејќи процесот од идеја до целосна реализација на еден проект е фасцинантен.

Што те мотивира постојано да учиш: Самото учење на нешто ново ми е сатисфакција.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека не ги менаџираме ризиците за да не ги имаме, туку за да знаеме кој ризик се исплати да го преземеме бидејќи тој ризик ќе нѐ приближи до целта.

Омилен модул и зошто: Не сме ги поминале сите, рано е да се каже. Но, секако ми се допаѓа модулот за менаџирање на ризици.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се позитивни и посветени луѓе кои сакаат да споделат од своето знаење и искуство.

За 5 години сакам да бидам: За 5 години од сега се гледам исполнета и задоволна со работата како проект менаџер.

Хоби: Планинарење, пливање, читање книги, добри филмови.

Омилена книга: Дервишот и смртта од Меша Селимовиќ ми има оставено длабок впечаток.

Омилен цитат: Оној кој не направил грешки, не пробал ништо ново.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!