Запознај го Борис Ризов – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец февруари 2023.
Име и презиме: Борис Ризов
По професија: Студент
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: Се запишав на Академијата за Data Science бидејќи верувам дека оваа област има голем потенцијал во подобрување на нашата бизнис околина и секојдневие. Покрај тоа, со знаењата што ќе ги стекнам, ќе имам можност да решавам покомплексни проблеми со коишто се среќавам секојдневно и да креирам нови решенија во различни области, како што се медицина, економија, инженерство и многу други.
Што те мотивира постојано да учиш: Постојаното учење и развој на нови вештини и знаења може да биде мотивирано од различни причини. Некои од причините зошто сум јас мотивирeн, би кажал дека е мојот кариерен напредок и личен раст и развој. Уште една причина, би додал дека денешниот свет рапидно се менува, па затоа континуираното учење станува се поесенцијално за да се запази трендот на нови алатки, вештини, социјални и културни промени, па токму оваа Академија ми го пружи тоа да бидам во тек со новата технологија и да градам кариера во брзорастечка индустрија.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Ми се допаѓа најмногу она што ја гледам големата практична примена во секојдневниот живот на алатките што ги изучив досега: SQL и PowerBI. Од градење на датабаза, до комплексни пребарувања и анализирања, до изработување на репорти и интерактивни визуализации коишто можат да се споделат со колеги и стејкхолдери, дозволувајќи им интеракција во реално време. Како посебно можам да ја издвојам алатката PowerBI којашто ми беше и првична мотивација за да ја запишам оваа Академија.
Омилен модул и зошто: Power BI. Како главно ЗОШТО би го издвоил фактот дека оваа алатка е меѓу најкористените алатки во бизнис светот за визуелна репрезентација на податоци кои дозволуваат лесна интерпретација и лесно креирање на репорти. Друга одлична причина е дека може да се поврзе со широк опсег на извори на податоци како: Excel, SQL датабази, различни cloud-services како Google Analytics, Amazon, Salesforce и сл. коишто дозволуваат лесно презeмање на податоци од различни извори и креирање холистички изглед за тоа како една компанија или организација перформира.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Досега ми предавале само двајца инструктори: Марјан Пушев и Александар Бошевски и сум презадоволен од нивниот менторски пристап и нивната грижа за да го научиме материјалот и несебичноста за споделување на своето професионално знаење стекнато преку многу години работа во оваа индустрија. Дополнително, би споделил дека она што го предаваат, го предаваат со пасија и тоа вродува еден вид инспирација за учење и усовршување на материјата иако е во доста голема обемност.
За 5 години сакам да бидам: Успешен, задоволен и среќен Data scientist/analyst.
Хоби: Гејминг (CS:GO, Rocket League, Overwatch..etc)
Омилена книга: “The Alchemist” од Paulo Coelho
Омилен цитат: “It is the possibility of a dream coming true that makes life interesting.”
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!