Запознај го Игор Стојановски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец февруари 2023.

 

Име и презиме: Игор Стојановски

По професија: Работам како Casino Coordinator во IGaming индустријата.

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш оваа област: Светот на програмирањето е многу динамична околина, адаптацијата на новите технологии и брзото учење е нешто каде што се пронаоѓам и се гледам во иднина.

Што те мотивира постојано да учиш: Онаа емоција кога ќе го „победиш“ проблемот што го решаваш, верувам дека сите програмери ја знаат, и ја почуствувале.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Застани, размисли, испланирај, искодирај.

Омилен модул и зошто: Засега ми е JavaScript модулот бидејќи сега веќе успеваме да креираме интеракција со нашите веб страници, меѓутоа очекувам React да биде едно повисоко ниво и конечно да ја погледнеме комплетната слика за еден front-end проект.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Ристе Самарџиев бидејќи едноставно не можеме да го изненадиме со „незгодно” прашање, меѓутоа супер искуство имаме со сите инструктори досега.

За 5 години сакам да бидам: Team Lead Web Developer

Хоби: Играње фудбал, вежбање во теретана.

Омилена книга: Rich Dad Poor Dad

Омилен цитат:Сега знам дека ништо не знам.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!