Запознај ја Татјана Димовска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец февруари 2023.

 

Име и презиме: Татјана Димовска

По професија: Правник

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш оваа област: Затоа што е HR е доста интересна и динамична професија, постојано се развива и бара од нас креативно да размислуваме. Академијата баш овозможува стекнување на широко знаењe од ова област.

Што те мотивира постојано да учиш: Постојаното надградување на себе и на луѓето околу мене. По природа сум љубопитна личност, сакам да истражувам нови работи и да се стекнувам со нови вештини, тоа ми дава чувство на достигнување. Исто така, клучни фактори се и веќе стекнатата работна навика и дисциплина.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: На Академијата најинтересни се задачите и тимските проекти, преку нив може многу да се научи. Па, би ги издвоила примената на алатките и техниките за истражување на пазарот во модулот за регрутација, селекција и онбординг на вработени. Исто така, морам да ги спомнам и mock up интервјуата. Навистина се едно пријатно искуство, би им препорачала на сите сегашни и идни студенти да се приклучат во ова активност.

Омилен модул и зошто: Секој модул претставува делче од една убава слагалица. Да се одбере еден е навистина многу тешко. Меѓутоа можам да кажам дека позитивно искуство ми остави Управување на перформансите и Мотивација и наградување на вработени. Преку изнаоѓање на најразлични  пристапи на мерење на перформанси, програми и начини за наградување што би одговарале на секој поединец согласно неговите вештини и компетенции.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој инструктор е уникатен и максимално посветен во пренесување на знаењето. Тука би ги спомнала Викторија Дамчевска која се издвојува со интерактивните предавања, големата поддршка и мотивација што ни ја дава, како и Лилјана Секуловска поради нејзината професионалност и менторски пристап.

За 5 години сакам да бидам: Се надевам успешен HR професионалец.

Хоби: Активно трчање, гледање серии, читање книги,

Омилена книга:The extraordinary adventures of Arsene Lupin“ – Maurice Leblanc

Омилен цитат: It’s nice to be important, but it’s more important to be nice.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.