Запознај го Владко Арсов – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец февруари 2023.

 

Име и презиме: Владко Арсов

По професија: Спортски новинар

Академија: Академија за Software testing

Зошто баш оваа област: Отпочеток поради тоа што само ја гледав како најбрзиот мост до ИТ-светот. Подоцна, затоа што се препознав и пронајдов во многу елементи од работата.

Што те мотивира постојано да учиш: Имам кладба со себе, дека (не) можам постојано да се надградувам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Објектно-ориентирано програмирање во Јава.

Омилен модул и зошто: Уште еднаш ООП, затоа што е убедливо најголем предизвик и најразлична материја од сè што сум учел досега.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Посветеноста на Катерина Крстовска и оригиналноста на Андреј Гаштеовски. (При двајца, не е кул да се издвои еден).

За 5 години сакам да бидам: Благодарен и задоволен што „свртев десно“ кон кариерна трансформација.

Хоби: Ништо специјално, сакам да готвам, да гледам серии и да возам велосипед.

Омилена книга: Неодамна ја завршив „Greenlights“ од Метју Мекконахеј. Мемоари од неговиот живот. Одлична.

Омилен цитат: „Дефиниција за лудост е да ги правиш истите постапки постојано и да очекуваш различни резултати.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!