Запознај ја Марина Верушеска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец февруари 2023.

 

Име и презиме: Марина Верушеска

По професија: Филолог по општа и компаративна книжевност

Академија: Академија за UX/UI Design

Зошто баш оваа област: Бидејќи е нешто ново, нешто што постојано се менува и еволуира – токму тој спој на флуидност и флексибилност ме заинтересира за дизајнот на корисничко искуство. Исто така, бара не само вештина, туку и интуитивност и емпатија при работењето, што според мене претставува еден идеален спој и тоа со многу корисна цел – да го подобриш и олесниш искуството на луѓето во секојдневниот живот. 

Што те мотивира постојано да учиш: Сметам дека секој како индивидуа треба постојано да се предизвикува себеси да научи, да совлада нешто ново. Само на тој начин растеме духовно и искрено верувам дека учењето е клучот кон осознавањето на себеси и светот што те опкружува.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Буквално сè што научив досега.

Омилен модул и зошто: Анализи модулот дава еден увид и првична претстава што значи да си UX истражувач и дизајнер, но сите модули ми се подеднакво интересни.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Андреј Блажевски.

За 5 години сакам да бидам: Исполнета со тоа што ќе го работам.

Хоби: Филмска критика и возење бебешка количка по Партизанска.

Омилена книга: Сите книги на Умберто Еко, Сабато, Борхес и Вирџинија Вулф од модерните и Мураками, Бакман, Господинов и Арундати Рој од современите автори.

Омилен цитат: Стих наместо цитат – ,,Еден ден ќе се сретнеме, како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката.” – Никола Маџиров

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!