Запознај ја Ивана Јованоска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец февруари 2023.

 

Име и презиме: Ивана Јованоска

По професија: Content Writer & Ideas Finder

Академија: Академија за Дигитален Маркетинг

Зошто баш оваа област: Пред сѐ, затоа што е доста креативна професија која те предизвикува постојано да учиш и да ги надградуваш твоите вештини. Но, исто така, за да ги подобрам шансите за моето кариерно унапредување.

Што те мотивира постојано да учиш: Дефинитивно личниот развој. Времето посветено на учење нешто ново никогаш не е залудно потрошено време.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Креирање на Landing Page.

Омилен модул и зошто: Content Marketing and Visual Storytelling. Затоа што креирањето Content Marketing стратегија за време на овој модул ми покажа дека не постојат граници на креативното изразување.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Искрено не би можела да издвојам. Сите инструктори се максимално посветени и се трудат на различен начин да го пренесат своето знаење, и тоа е една од работите која позитивно ме изненади.

За 5 години сакам да бидам: Се гледам како експерт во мојата област.

Хоби: Патување, гледање серии, читање книги.

Омилена книга: Алхемичарот – Пауло Коелјо

Омилен цитат: The best time to plant a tree was 20 years ago. The second best time is now.“

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!