Brainster одблизу: Новости од заедницата / Јануари 2021

 

Новата Година донесе нов ентузијазам за следните 365 дена. Уште во првиот месец од годината, Brainster заедницата започна да ги прешкртува кариерните цели за 2021ва. 

Ова се Brainster новостите за Јануари.

 

18 Brainster дипломци добија нова работа

Вработувањето на глобално ниво полека започна да се одмрзнува, давајќи им шанса за вработување на оние кои ги поминаа изминатите 12 месеци градејќи го своето портфолио. Честитки до Ивона, Игор, Кирил, Тина, Ивана, Ирена и сите останати – се гордееме со вас!

 

 

Организиравме уште еден UX/UI Design хакатон

Предизвикот за овој хакатон беше креирање на онлајн продавница за македонската IT компанија Altius. Студентите беа поделени во 4 тима, а на секој од тимовите му беше доделен по еден ментор кој што им беше на располагање во секое време за совет, поддршка и помош. На крајот од овој 48 часовен хакатон, клиентот си замина задоволен со одбраното решение, а студентите заминаа со уште еден завршен проект во нивното портфолио. Погледни како си поминавме на хакатонот.

 

 

Спроведовме масовно истражување на тема професионално задоволство

На крајот на минатата година лансиравме алатка за кариерно советување, која е бесплатна за користење за сите. Целта на алатката е да им помогне на корисниците да ја започнат потрагата по „вистинската кариера“, како и да ја истакне потребата од потемелно кариерно советување. Во изминатите месец дена над 7000 лица ја испробале. Според резултатите од одговорите на овие прашања, областа ИТ, програмирање и технологија е најпосакувана професија за најголем дел од учесниците – дури 17,3% од учесниците ја издвоиле оваа професија како најпосакувана. Погледни го целото истражување.

 

7000 results quiz

 

Тимот на Brainster се прошири со 5 нови членови

Добредојдовте Билјана, Ана, Маја, Јана, Маја! Со ентузијазам чекаме со вашата работа да влијаете на новите кадри дигитални професионалци.

 

Brainster International ги врши уписите за вторите групи

Во 2020та се одлучивме на големиот чекор да го прошириме Brainster надвор од границите на Македонија. Пролетта успешно лансиравме 2 групи за Data Science и UX/UI дизајн во Виена. Вториот уписен рок е моментално отворен за студенти од целиот свет кои би сакале да учат на Виенската, Загребската или Љубљанската програма. Дознај повеќе.

 

brainster одблизу

Related Stories For You