Тина Спировска е студент на Академијата за дигитален маркетинг којa само по 3 месеци на Академијата се вработи во NewMedia кај нашиот инструктор Дарко Булдиоски!
Тина е дел од студентите кои покажаа огромен успех на Академијата и се најде на листата Dream Team, студент на месец октомври.
Оптимист, упорна и трпелива се три зборови кои ја опишуваат, а најголема мотивација и е пристапот на предавачите и начинот на кој е креирана програмата кои и помагаат при усовршување на нејзините вештини.
Поразговаравме со Тина за искуството на Академијата за дигитален маркетинг и како си поминува на работа во NewMedia.
Здраво Тина 🙂 за почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?
Имам 23 години и сум четврта година на факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. На академијата се запишав бидејќи од секогаш ме интересирал маркетинг и сметав дека сум креативна личност која може лесно да се изрази во оваа сфера.
По само два месеци на Академијата за дигитален маркетинг се вработи во NewMedia кај нашиот инструктор Дарко. Честитки! Како ти е на новата работна позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа?
Сеуште сум на почеток, така што се ми е ново и интересно. Но, најмногу ме охрабрува тоа што имам тим што ме поддржува и од кој секојдневно учам.
Како Академијата за Дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?
Дефинитивно е поразлично од академијата, но со постојано надоградување на стекнатите основи за дигиталниот маркетинг ми овозможуваат да бидам покреативна и да ги развивам моите лични продукти.
За време на Академијата постојано работите на реални проекти, како тие придонесоа да ги стекнеш вештините кои се потребни за започнување кариера како маркетер?
За разлика од академијата каде што учевме преку работа на повеќе продукти и со повеќе клиенти, сега работам на еден клиент во определен период и вниманието ми е насочено кон продукти и содржини кои се поврзани меѓу себе. Можам да кажам дека има многу сличности помеѓу начинот на кој работевме на академијата и моите обврски но, исто така секојдневно има многу нови моменти во работењето кои го диктираат темпото на работа.
Што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во овие турбулентни времиња?
На сите кои се размислуваат за промена на кариерата во овие турбулентни времиња, треба да знаат дека никогаш не е доцна за промена, особено за промени кои сметаме дека се подобри за нас. Добро да размислат што ги интересира и да ги разгледаат можностите за пре квалификација или дообука, но и да следат што се бара на пазарот на труд за да донесат информирана одлука каде да го инвестираат своето време и ресурси. Јас имав среќа да направам добар избор за оваа академија која ме насочи во создавањето на мојата кариера.
Останаа уште 2 слободни места на Академијата за дигитален маркетинг, резервирај го своето уште денес!
Уписите се во тек, закажи информативна средба со координаторот на оваа Академија овде.