Ирена Лазарова е алумни од Академијата за Software Testing која што успеа веднаш по завршувањето на академијата да влезе во IT светот и да се вработи во PrymАpps.
Дознајте како Ирена за само 6 месеци ја направи посакуваната кариерна трансформација
Здраво Ирена, претстави ни се на кратко!
Непоправливо искрен оптимист со силна желба за самореализација и успех.
Зошто се одлучи баш за Академијата за Software Testing?
Работев повеќе од 10 години како банкар, но секојдневно чувствував дека работната позиција не ме исполнува. Јасно беше дека ми треба трајна промена. Кариера не се менува секој ден, затоа и не брзав.
Прво, решив дека треба да се запознаам вистински себеси, т.е. да ги откријам моите лични интереси и способности. Потоа, истражував работни позиции кои се актуелни во светот. Случајно наидов на карактеристики кои се сметаат како суштински за успешни софтвер тестери и едноставно се пронајдов.
По три месечно пребарување, прашања и проверки, ја одбрав Академијата за Software Testing на Brainster.
Како си поминуваше на предавањата?
Поради Ковид пандемијата, часовите наместо во училница беа одржувани online. Лично, немав искуство со таква комуникација воопшто и бев скептик за нивната успешност, но драго ми е што се покажа спротивното. Предавањата беа динамични, интерактивни, сеопфатни, илустративни и практични.
Моите две деца за многу кратко време го разбраа концептот „мама има предавања од 17:00 до 19:00 часот“ и изненадувачки тој период се трудеа да бидат потивки, иако тоа немаше да биде возможно без помош и поддршка од мојот сопруг и најблиските.
Предавањата ми донесоа и нови познанства, а посебно ми е драго што ги запознав Моника, Даниел, Бојана и Антонио, моите колеги – студенти, кои ми останаа драги пријатели.
Раскажи ни како е на новото работно место. Kако изгледа еден работен ден на тестер?
За мене лично, ова е сосема нов свет. По завршувањето на Академијата се вработив во PrymАpps. Тоа е компанија каде има одговорност, ефикасност, позитивна и проактивна атмосфера од страна на вработените, па затоа сè функционира едноставно.
Мојот работен ден се состои од исполнување на моите љубопитни интереси преку кликање и проучување на платформата за човечки ресурси „FledgeHR”. Најголемото задоволство е кога ќе најдеш суштински и функционален „bug”, што ми е и всушност основната задача.
Секојдневно учам нови техники, изрази и чекори за продлабочување на моето знаење како софтвер тестер. За мене, оваа позиција е несекојдневно интересна, динамична и ми претставува огромен предизвик и среќа.
Кои вештини сметаш дека најмногу ти помогнаа во твојата работа? Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Сметам дека комуникативноста, критичкото размислување, склоноста кон логиката и емпатијата се мои адути. Академијата ми даде здрава основа за почетна позиција како софтвер тестер за во било која компанија. Останатото се сведува на мене и на мојата среќа.
Што би им препорачала на сите оние кои што сакаат да ја изберат оваа професија? Кој е твојот совет до идните софтвер тестери?
Секој е своја приказна. Иако работам само еден месец како софтвер тестер и немам доволно искуство за споделување, за мене лично беше потребна голема жртва (моја и на моите најблиски), упорност, волја и желба за да ја реализирам мојата одлука. Она што го знам е сè додека има софтвер, ќе има и „bug”-oви, а тука доаѓаме ние. Работа има, твое е дали ќе ја зграпчиш или ќе ја одминеш.
За крај, знаеш ли кои се твоите планови за во иднина?
Ах, знам само мала капка од океан на јазици, програми, апликации, платформи итн. Планот ми е да го користам продуктивно секој ден , а со тоа да учам, да работам, да се развивам и да напредувам во концептите на софтверското тестирање, а следен чекор со тоа е и самостојното пишување на софтвер за автоматско тестирање. За понатаму, да сме здрави и живи!
Ако поседуваш аналитичен ум и внимание кон детали, склон/а си кон перфекционизам и имаш аспирации да влезеш во IT светот, Академијата за софтвер тестинг е правилниот избор за тебе!
Закажи информативна средба со координаторот на Академијата тука.