Игор Димов е алумни од Академијата за дигитален маркетинг и работи во Студио Модерна повеќе од 11 години кој официјално од јануари оваа година влезе во Digital Marketing тимот и му посакуваме огромни успеси!
Во претходниот блог со него поразговаравме дека Маркетингот е динамична професија која не трпи пасивност и за неговото искуство на Академијата. Исто така тој ни раскажа дека е креативна личност, сака слобода да ја изрази својата личност и предизвик му е да истражува за психологијата на луѓето.
Овој пат, Игор ни раскажа за неговото ново работно место и како по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг му се отвориле нови перспективи и можности.
Дознајте што тој ни кажа!
Беше дел од Академијата за Дигитален Маркетинг и по завршувањето успеа да се вработиш. Како се одвиваа работите?
Академијата за Дигитален Маркетинг беше едно големо искуство за мене, научив доста работи и излегов полн со знаења и нетрпение веднаш да ги покажам на дело. Brainster ми помогна да најдам работа како freelancer неколку месеци по завршувањето на академијата. Дополнително, во септември почнав да работам и на друг проект, исто како freelancer. Значи, во еден период работев 3 работи во исто време (примарната работа како fulltime вработен и уште два part time проекти). Луѓето во моето опкружување ме прашуваа како издржувам и дали ми е тешко и напорно, а јас просто одговарав дека кога го работиш она што вистински го сакаш, воопшто не е напорно.
Раскажи ни како е на новото работно место, како изгледа работен ден на еден унапреден маркетер?
Од јануари оваа година, официјално влегов во Digital Marketing тимот во Студио Модерна, каде работам повеќе од 11 години. Луѓето со кои почнав да работам се вистински експерти во својата област, несебично ми помагаат и се тука буквално за се. Денот започнува со стандардните утрински прегледи на меилови и закажувања на постови, бреинсторминг кафе пауза, кампањи, снимања, community management, социјални медиуми, пробување на нови алатки, креирање на контент… Навистина забавно и предизвикувачки. Морам да кажам дека уживам во секоја минута од денот, и дека во ниеден момент не се каам што ја одбрав токму оваа професија за надградба. За 2021 имаме навистина големи планови кои сум сигурен дека ќе ги оствариме. Бидејќи ја превземав комплетно контролата и менаџирањето на една од нашите платформи, сега сум во фаза на истражување и воведување на новини, односно планирање на годишните активности кои ќе ги имплементираме.
Кој ти е омилениот дел од твојата работа?
Работењето со моите колеги дефинитивно. Како што споменав и погоре, станува збор за исклучителни луѓе кои несебично го споделуваат своето огромно знаење во областа на Дигиталниот маркетинг. Секој ден учам се повеќе и повеќе и се надградувам.
На кој начин Академијата за Маркетинг ти помогна да ја најдеш работата од соништата? Дали ги исполни твоите очекувања?
Ова треба да ги прашате сите луѓе на кои сум ја препорачал, а верувајте ми, бројката е голема. Многу често знаат да ме прашаат за совет или бараат да им раскажам за моето искуство, и секако, ја препорачувам на секој оној кој побарал мислење од мене. Академијата беше една светла точка во целиот хаос низ кој што поминавме минатата година, и дефинитивно ми отвори нови перспективи и можности кои ги гризам со цела сила.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина и што би им препорачал на сите оние што сакаат да започнат карира во овој свет?
Планови имам многу, идеи дупло повеќе, и сигурно во најскоро време ќе оформам сопствен бизнис за кој сонувам веќе подолго време. Целата заработка која ја стекнав со напорна работа во 2020 ќе ја преточам во нешто мое. Исто така, планот ми е да ги подобрам моите вештини во WordPress (во фаза сум на креирање на мојот прв website). И за крај, доколку остане време, би сакал да навлезам подлабоко во делот на видео анимации.
Мојата порака за сите оние кои се мислат дали да навлезат во овој свет и да започнат кариера е следнава: Никогаш не се откажувајте од вашите соништа, никогаш не се плашете од новото и непознатото. Доколку имате барем малку пасија за Дигитален маркетинг, започнете уште веднаш. Мене ми го смени животот на позитивно, и сега кога би се вратил назад, сигурно повторно би го одбрал истиот пат.
Останаа уште 2 слободни места на Академијата за дигитален маркетинг, резервирај го своето уште денес!
Уписите се во тек, закажи информативна средба со координаторот на оваа Академија овде.