Кирил Атанасоски е алумни од Академијата за Full Stack програмирање кој што имаше можност да биде практикант кај нас во Brainster и да го искористи целото знаење стекнато од предавањата работејќи на реален проект. 

Тој своите вештини ги надградуваше работејќи на мини платформата за учење на Brainster. Од студент кој што во минатото мислел дека учењето му е слаба страна, Кирил денес е вработен во софтверската компанија Personnel Ltd како PHP програмер, а воедно и асистент на нашата Академија.

 

 

Здраво Кирил, раскажи ни нешто за себе!

Да ме прашавте пред некое време, ќе речев дека учењето од секогаш ми било слаба страна, но сега можам да кажам дека тоа не е точно и дека веројатно ми било наметнато мислење. После завршување на средното училиште се вработив. Работев на неколку позиции, главно поврзани со продажба.

Пред неколку години почнав да работам на себе и на својот личен развој и заклучив дека ние самите сме одговорни за тоа како ни се одвива животот и дека можеме да оствариме сѐ, дококу си ја поставиме вистинската цел! Прочитав и слушав многу книги, видеа и подкасти кои ме поттикнаа да донесам одлука дека е време да направам промена. Тогаш дадов отказ на работното место каде работев и решив да вложам во дополнителна едукација.

 

Беше студент на академијата за Full-Stack програмирање, какво бешe твоето искуство како студент?   

Морам да признаам дека не беше воопшто лесно, но предавањата и мотивацијата од страна на менторите ме натераа да седам по цели денови пред компјутер сѐ додека не го совладам материјалот. И така беше. Успешно ги совладав сите предизвици и имав добри оцени од истите. 

 

Подоцна започна и на пракса во Brainster, раскажи ни на што работеше и како си поминуваше?

Дента кога ми се јавија од Академијата, за да учествувам на еден нивен проект како практикант, беше еден од моите најсреќни денови. Тоа за мене значеше дека ме избрале мене како еден од подобрите и ми даваат реални обврски за реален проект. Имавме супер организација, работевме во тимови, под надзор на ментори кои беа достапни во секое време, така да праксата ја гледам како отскочна даска. Секако тоа се исплатеше, затоа што пред завршувањето веќе ми испратија понуда за работа во софтверска компанија.

 

Успеа да се вработиш во софтверска компанија Personnel LTD.  Како се справуваш со предизвиците што ги носи твојата работа? Како изгледа еден твој работен ден?

Да, како што споменав, уште пред да завршам со праксата ми понудија да се пријавам на интервју за работа. На истото поминав супер, и сега сум вработен како Full-Stack web developer. Праксата во Brainster ми беше од голема корист, бидејќи начинот на кој што работевме таму, е ист како и во оваа компанија. Започнуваме со состанок, секој од нас споделува до каде е со својот таск, и што е следно што треба да се изработи.

 

Од декември си и асистент на нашата Full-Stack академија. Што е потребно на секој студент за успех на академијата? Како најлесно се совладуваат технологиите?  

Да, тоа што сум асистент на академијата каде што завршив ми е огромно задоволство и гордост. 

Морам да бидам искрен и директен: За успех е потребна само напорна работа. Не постои полесен пат! Постои само долготрајно учење и пишување на кодови, барање материјали, гледање видеа, читање документации, решавање на сите задачи и предизвици! Мора да се сфати дека учењето во најголем дел е самостојно. Секако благодарност до нашите ментори и асистенти кои беа секогаш достапни за помош, и уште се. 

 

Што би им препорачал на оние кои што рзмислуваат да ја сменат својата кариера и да започнат со програмирање? 

Во животот никогаш не е доцна да се остварат своите цели. Само бидете храбри и донесете одлука. Доколку имате интерес за програмирање, ова е  вистинското место каде можете да изградите кариера за една година!

 

 

 

Доколку размислуваш за кариера во областа на Full Stack програмирање и си подготвен да учиш по програма која што е одлично прилагодена за почетници, спроведена од искусни инструктори, закажи информативна средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали.