Ивана Илиева е студент на Академијата за графички дизајн која што успеа да се вработи во дигиталната печатница My Print уште пред крајот на самата Академија.
Поразговаравме со Ивана околу нејзиното искуство на Академијата како и за новото работно место.
Здраво Ивана, кажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво, јас сум Ивана и сум студент на Факултетот за Специјална едукација и рехабилитација, голем креативец и љубител на уметност.
Во текот на изминатите години работев на повеќе работни позиции, но Академијата за графички дизајн ми помогна да се пронајдам себеси и да дознаам што точно ме исполнува и што сакам да работам.
Благодарение на Brainster имав можност да започнам со работа во My Print како помлад дизајнер каде што ќе имам можност да го надградам своето знаење, да научам нови техники од колегите и да стекнам нови искуства.
Какво е твоето искуство од Академијата за графички дизајн? Што ти беше најинтересно?
Најинтересно на Академијата ми беше дружбата со студентите и реализирањето на online часовите. Иако за сите нас ова делуваше несекојдневно, истото беше беше одлично искуство.
Исто така, како најинтересен дел од Академијата би го издвоила Хакатонот кои ни овозможи да соработуваме со студентите од Академијата за Дигитален маркетинг каде што имавме можност да работиме и да споделиме различни искуства, за на крај да реализираме проект изработен во краток временски период.
Искуството беше неописливо, да работиш со луѓе кои воопшто не ги познаваш и со нив да изградиш бренд.
Кој модул ти создаваше потешкотии и како успеа да се справиш со предизвикот?
Мислам дека имав потешкотија со модулот Photoshop бидејќи програмот е доста обемен и си бара доста време и посветеност.
Повторно следење на часовите, гледање видеа на Youtube, консултации со другите студенти беа дел од работите кои ми помогнаа да ги надминам сите потешкотии и да почнам да работам во него.
Дополнително, голем предизвик за мене беа и роковите на реалните проекти кои ги работевме во текот на Академијата, но со добра организација на времето и работата беа надминати.
Раскажи ни го процесот кој те донесе до твоето вработување во My Print?
Процесот до вработување за мене беше доста интересен, исполнет со многу труд, работа и непреспиени ноќи, но трудот и љубовта кон графичкиот дизајн на крајот вродија со плод.
Се радувам за дадената можност да работам во My Print, каде што ќе имам можност да ја покажам својата креативност и да го надградам моето знаење кое што го стекнав во изминативе месеци на Академијата.
За крај, кој е твојот совет за сите оние кои што сакаат креативна професија како дизајнот?
Следете ги своите соништа, верувајте во себе и работете го тоа што го сакате. На крај соништата секогаш се остваруваат!
Доколку сакаш да си дел од Дизајн заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021 година, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!