Запознајте ја Александра Тодоровска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Александра Тодоровска

По професија: Дипломиран економист

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Data Science како област бележи пораст низ целиот свет бидејќи донесувањето одлуки предводени од податоци станува секојдневие. Секој бизнис, голем или мал, секогаш се обидува да пронајде луѓе кои можат да ги разберат и анализираат податоците. Имено, сметам дека овој домен е еден од движечките фактори за развој на секој бизнис.

Што те мотивира постојано да учиш: Полето на Data Science како наука е многу широко и има огромна количина на достапни информации. Интересен е фактот што во текот на програмата се среќаваме со специјализирани теми и стекнуваме нови вештини кои ни помагаат да ја генерализираме нашата основа и понатаму да се надградуваме.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како една од поинтересните работи може да го наведам учењето на програмски јазик бидејќи тоа за мене беше сосема ново и непознато.

Омилен модул и зошто: Омилен модул би кажала статистика, имено статистиката е во основата на софистицираните алгоритми за машинско учење, а исто така, се користи за собирање, прегледување, анализа и извлекување на заклучоци од податоците.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој од инструкторите е професионалец во својата област кои во текот на изминатиот период успешно ни го пренесоа нивното знаење.

За 5 години сакам да бидам: Успешен Data Scientist.

Хоби: Гледање серии и патувања.

Омилен цитат: “If you are positive, you’ll see opportunities instead of obstacles.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!