Димитар Тодоровски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознајте го Димитар Тодоровски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец декември 2021.

 

Име и презиме: Димитар Тодоровски

По професија: Студент

Академија: Академија за дигитален маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Го споредувам со природа бидејќи нема граници. Сé е во насока на развој, тесно е поврзан со креативноста, знаењето и храброста да имплементираш.

Што те мотивира постојано да учиш: The more you know, the less you fear.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Начинот на анализирање и прецизноста. Дигиталниот маркетинг се темели на анализа, така што тоа е најдобрата техника која ја присвоив од Академијата.

Омилен модул: Како омилен планински врв, тешко е да се издвои. „Content Marketing” би го издвоил како најпрогресивен модул, од причина што на тест е нашата креативност. 

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Целиот состав на Brainster остава одличен впечаток. Начинот на пренесување на знаењето е тоа што ги прави оригинални и корисни за нас.

За 5 години сакам да бидам: Географски повисоко. Помеѓу луѓе и алатки кои ќе ги туркаат границите на моите интелектуални, физички и професионални граници.

Хоби: Немам хоби, имам пасија, присуство на планина е мојата нужна потреба. Физичката активност си ја мерам во часови. Е, хоби ми е можда читање, ама многу читање.

Омилена книга: „The Kingdom of Ice“ – Книгата зборува за ентузијазмот на американските истражувачи во 19 век и нивната амбиција за откривање на Артичкиот океан. True Story.

Омилен цитат: „The rarest of human qualities is consistency“. 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!