Владимир Кузманоски – Dream Team студент на Академијата за Front-end програмирање

Запознајте го Владимир Кузманоски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец декември 2021.
Име и презиме: Владимир Кузманоски
По професија: Дипломиран економист
Академија: Академија за Front-End програмирање
Зошто баш Front-End програмирање: Отсекогаш ме исполнувала креативноста во работата, така да и овде визуелизацијата и ставањето во функција одредена идеја претставува огромен предизвик за еден Front-end developer, што дополнително ме фасцинира и мотивира.
Што те мотивира постојано да учиш: Сакам да учам и да се надградувам, чувствувам дека тоа е нешто што ме движи и што ме прави жив, посебно во одредена област којашто за мене отсекогаш била предизвикувачка и фасцинантна.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Тешко можам да издвојам што ми било најинтересно, бидејќи навистина научив многу интересни работи и во секој дел уживав осознавајќи ги. Но, еве како најинтересна ќе ја истакнам Figma, којашто овозможува одредена идеја да добие своја дигитална верзија, која ќе претставува основа на која ќе се разработува одреден website.
Омилен модул: React, како JavaScript библиотека која се користи за креирање на исклучителен кориснички интерфејс, бидејќи e флексиблен и прилагодлив и со него се овозможува градење на Single-Page-Applications со помош на реискористување на компоненти и мноштво функционалности.
Инструктор што ти остави најголем впечаток: Тимот на Brainster навистина располага со голем број на експерти, секој во својата област, кои несебично се трудат и залагаат со цел максимално да го пренесат своето знаење и за тоа јавно изразувам благодарност до сите. Сепак, би ги издвоил Кристијан Бобевски и Ристе Самарџиев, како инструктори кои ми оставија најголем впечаток.
За 5 години сакам да бидам: Успешен програмер – експерт во Front-End Development
Хоби: Музика, компонирање и продуцирање, гитара.
Омилена книга: „Маги“ од Душан Весиќ
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!