Моника Андоновска – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознајте ја Моника Андоновска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец декември 2021.

 

Име и презиме: Моника Андоновска

По професија: Eкономист

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Затоа што совршено се вклопува со мојата аналитична природа и критичко размислување, мојата досегашна професија и желбата за кариера во IT индустријата.

Што те мотивира постојано да учиш: Тоа што сметам дека постојаното учење и стекнувањето на нови знаења и вештини ми овозможува континуирано да напредувам и да се развивам, како личност и како професионалец.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Од поминатиот материјал, доста интересно ми беше креирањето на stored процедури, особено покомплексните, затоа што беше потребно многу логичко размислување и примена на скоро целиот изучен материјал.

Омилен модул: Од она што досега го имаме поминато, модулот за SQL, поради големиот број на логички предизвици при решавањето на задачите. Power BI модулот исто така е многу интересен, а со нетрпение го очекувам модулот за Машинско учење, затоа што досега немам искуство со тоа и мислам дека ќе ми биде голем предизвик.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Не би можела да издвојам, сите инструктори се одлични и со големо знаење, достапни за помош во секое време и што е најважно, мнооогу трпеливи за сите наши прашања и дилеми.

За 5 години сакам да бидам: Успешен digital nomad data scientist.

Хоби: Читање книги, гледање филмови/серии и возење велосипед.

Омилена книга: Серијалот „Хари Потер” и „Калуѓерот што го продаде своето ферари”.

Омилен цитат: „Great things never came from comfort zones“.

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You