Елена Поповска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознајте ја Елена Поповска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец декември 2021.

 

Име и презиме: Елена Поповска

По професија: Графички дизајнер

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Графичкиот дизајн е област која ми дава бесконечен број можности како преку креативен приод да дојдам до функционално решение and for the love of the game.

Што те мотивира постојано да учиш: Животот! Поривот да создавам, учам, помагајќи си себеси и на друштвото во заедницата.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Навистина на Академијата научив многу интересни работи, но би го издвоила модулот Типографија, дефинитивно. Најинтерсно за мене беше изучување, препознавање на фонтовите нивната емоција и тон. Бескрајно благодарна на нашиот ментор Небојша Гелевски-Бане.

Омилен модул: Креирање визуелен идентитет. Поради комплексноста. Користењето на уметноста на графичкиот дизајн да помоге во подобрување на идентитетот на брендот, градење имиџ и негово препознавање.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Ух… Сите ментори беа одлични и посветени, но најмотивирана бев кај Небојша Гелевски-Бане, Дијана Димитриевска-Диди, Иван Дургутовски и Јане Наумоски. 

За 5 години сакам да бидам: ДОБАР Графички Дизајнер. 

Хоби: Outdoor спортови (hiking, Mtb, climbing).

Омилена книга: многу се :)))

Омилен цитат: „The arrow doesn’t seek the target, the target draws the arrow“.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!