Запознајте ја Натали Петровска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец декември 2021.
Име и презиме: Натали Петровска
По професија: Адвокат
Академија: Академија за Software Testing
Зошто баш Software Testing: Деталите. Имам „око за детали“ и многу природно ми доаѓа да посветам време и внимание на истите. Се разбира, ова е и најсоодветна област за апсолутен почетник со многу малку предзнаења во ова поле, да се приближи и постепено воведе во IT светот, како и да совлада нови вештини.
Што те мотивира постојано да учиш: Потребата од континуирано надградување во било која област и функционирање надвор од комфорната зона. Предизвикот да се совлада комплетно нова област или материја е најголемиот двигател за мене.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Работа со алатки и апликации за користење на бази на податоци и објектно ориентирано програмирање.
Омилен модул: Дефинитивно објектно ориентирано програмирање. Модулот е комплексен и со самото тоа дополнителен предизвик за совладување. Истиот, ja „подотвора“ врата во IT светот и некако суптилно го вовлекува под кожа.
Инструктор што ти остави најголем впечаток: Со оглед дека сум на „половина пат“ од Академијата и немав можност да ги запознаам сите инструктори, досега би ја издвоила Биљана Велинова. Нејзините предавања ми помогнаа многу во лесното совладување на ISTQB Foundation испитот. Поседува неверојатна способност на креативен начин да го пренесе сопственото знаење и искуство.
За 5 години сакам да бидам: Со солидни познавања во оваа област.
Хоби: Hiking и патување
Омилена книга: „My own words“ – Ruth Bader Ginsburg
Омилен цитат: „Attention to detail is not about perfection. It’s about excellence, about constant improvement“.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!