Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 10 моменти што се случија на нашата Академија за Data Science во 2023 година:

 


 

  • Запишани повеќе од 80 студенти, оформени 4 групи 

Оваа година на Академијата за Data Science се запишаа повеќе од 80 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работат и се трудат навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме добредојде на групите 12, 13, 14 и 15 на Академијата за Data Science.

 

 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите на групите кои завршија

Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите на Академијата за Data Science. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на студентите од групите коишто ја комплетираа програмата.

 

 

  • AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје

Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе како си поминавме на хакатонот и што ни раскажа победничкиот тим!

 


 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на: Теодора Илоска, Драгана Коцеска, Давид Богдановски, кои по завршувањето на нашата програма за data science ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Откриј како е да се биде Data Scientist! 

Во овaa блог објава, си поразговаравме со Влатко Тучев, алумни студент на Академијата за Data Science, како и Data Scientist во tech тимот на Brainster, кој ни раскажа како изгледа еден ден во животот на Data Scientist. Дознај повеќе!

 


 

  • Rockstars студенти на Академијата за Data Science

Го создадовме блог серијалот „Мојата Data Science кариера“ за да ги раскажеме инспиративните приказни на нашите rockstars студенти кои ги надградија своите знаења и вештини, и создадоа успешна Data Science кариера. Од нивните почетоци до победничките проекти и предизвици, тие ни ги откриваат тајните зад нивниот успех и споделуваат вредни сознанија за своите уникатни пристапи. Дознај повеќе што ни раскажаа: Филип Арсеновски, Александар Анастасов и Петар Урџанов.

 


 

  • Победничко решение за Impala

Студентите од Академијата за Data Science имаа задача да ги изработат нивните завршни проекти, а со тоа и да ја комплетираат програмата на една од најинтензивните Академии. Целта на овој проект беше да се искористи стекнатото знаење од предавањата за да се креира успешен модел за predictive eye tracking за клиентот Impala. Дознај повеќе!

 


 

  • Завршни проекти на Академијата за Data Science

Со цел да ја комплетираат програмата на најинтензивната Академија – Академијата за Data Science, студентите имаа предизвик поделени во тимови да ги изработат своите завршни проекти. Дознај повеќе што ни раскажаа студентите за:

 


 

  • Како да започнеш кариера во Data Science?

Ако градењето на кариера во областа на Data Science е твојата цел, има неколку чекори што можеш да ги преземеш за да започнеш. Од градење силна основа во математика и статистика до развивање на напредни вештини и стекнување практично искуство преку практикантство и позиции на почетно ниво, постојат многу начини за влез во оваа област. Дознај повеќе за:

  1. Што е Data Science и каде сѐ се употребува?
  2. Водич за кариера во Data Science
  3. Принципи и практики во Data Science
  4. Разбирање на основите на машинското учење
  5. Важноста на визуелизацијата на податоците во Data Science
  6. Улогата на Data Science во бизнисот и донесување на одлуки
  7. Индустрии трансформирани од Data Science

 

 

  • Бесплатно онлајн предавање на тема ChatGPT 

Појавата на ChatGPT го забрза прифаќањето и употребата на алатките базирани на AI во секојдневниот живот на луѓето. Дознај како функционира ChatGPT и како најефикасно да го користиш од Бошко Колоски – инструктор на Академијата за Data Science, научник истражувач во полето на Machine Learning со 4 годишно искуство и млад истражувач на институтот „Jozef Stefan.Institute“! Погледни ја снимката!

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на Data Science!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за Data Science и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.