Академијата нуди можност за работа на реални проекти и учество на хакатони, што го проширува опсегот на знаење

Запознај ја Теодора Илоска – Dream Team, а воедно и алумни студент од Академијата за Data Science, која се реши да ги надгради своите знаења и вештини во една од најпопуларните професии на денешницата – Data Science.

Нејзината љубов кон наука за податоци резултираше со вработување како дата инженер во компанијата IWConnect.

 

Си поразговаравме со Теодора за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Теодора, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво! Јас сум Теодора и имам 23 години. Студент сум на Факултетот за информатичко и компјутерско инженерство, а воедно работам и како дата инженер во IWConnect. Во моето слободно време обично гледам филмови и серии, и поминувам време со моите пријатели и семејството. Исто така, сум огромен фан на Sims.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ти си наш алумни студент кој постигна извонредни резултати! Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?

Љубовта кон Data Science можам да кажам дека ми се појави спонтано. Самата наука е како „магија“ што го претвора огромното количество на податоци во смислени анализи и препораки. Тоа за мене на почетокот беше една голема мистерија што ми всади љубопитност да откријам како всушност функционира целиот овој процес, од земање на податоци, до нивна анализа и визуелзиација за донесување на некоја одлука.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Најмногу се гордеам што минатата година се решив, пред сè, да се запишам на Академијата за Data Science бидејќи ми даде шанса да се соочам со предизвици во коишто ми се овозможи да се надминам себеси и да го сменам начинот на којштo го гледав светот досега. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? 

Не би можела да се одлучам само за еден модул, но ако би одбрала тоа би бил „Вовед во математика и статистика“ за применето машинско учење. Обично кога ќе се спомене математика на повеќето ни се крева косата 😅, но едноставниот и креативен начин на кој овој модул беше предаден ми одговори многу прашања кои не ми беа јасни претходно, и ми го смени пристапот на учење. Исто така, ме разубеди дека математиката и не е баш толку тешка за да се сфати.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата IWConnect. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

IWConnect е веќе 20 години на ИТ-пазарот и e доста успешна компанија со над 300 вработени. Нејзиното главно седиште се наоѓа во Битола. А самата компанија, пред сè, работи со дата менаџмент, аналитика, инфраструктура и на секој вработен нуди можност за раст. Досега има одлична репутација на пазарот и работи на доста проекти за странски компании.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Бидејќи сè уште сум нова во компанијата, рано е да одговорам на прашањето, но во моментот изучувам нови технологии за да работам на проектот во којшто ќе ме вклучат.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажала за кариерните можности кои ги нуди оваа област?

Мојот совет за сите оние коишто размислуваат да почнат со Data Science е да не се плашат од предизвиците и да не се двоумат воопшто, бидејќи по завршување на Академијата се отвораат доста нови кариерни можности. Самата Академија, пред сè, и инструкторите нудат пристап на креативно и детално изучување на модулите, без разлика дали имате или немате основа на програмирање или математика. Исто така, Академијата нуди прилика на работење на реални проекти и учествување на хакатони, што го проширува опсегот на знаење.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Data Science учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!