Brainster одблизу: Новости од заедницата / Февруари 2021

Добредојде на месечниот Brainster билтен! 

По јануари (кој траеше околу 3 месеци?), дојде еден сончев и убав февруари кој донесе работна атмосфера во нашиот тим. Сите погони се во полна пареа, пролетниот семестар во Brainster е скоро тука. Ова се новостите кои ги издвојуваме:

 


 

Brainster Book Club избор: How to win friends and influence people (Dale Carnegie)

 

Изборот на книга за овој месец ни е ремек дело напишано во 1937 – книга која зборува за меѓучовечките односи. Како ефикасно да комуницираме? Како да имаме повеќе емпатија кон соговорникот? Како да градиме подобри релации со луѓето кои не опкружуваат? Изборот го направивме на почетокот на 2021 за да ја освежиме перспективата, да бидеме подобар тим и подобро да ги опслужиме нашите студенти. Што да читаме следно? Препорачај ни нешто во коментар подолу.

 


 

Нов бесплатен вебинар со Ангелики (Виена)

Со проширувањето на Brainster во 3 европски градови, експертизата уште повеќе се глобализираше. Па така, овој четврток (04.03.2021) во 18:00ч ќе имаме шанса да го проследиме бесплатното предавање на Ангелики – експерт во областа на UX дизајнот. 

Темата на ова предавање е успешноста на апсурдниот или грдиот дизајн. Во време кога UX дизајнот е поважен од било кога, ретко кои компании и дизајнери се осмелуваат да ја одберат естетиката на грдото. Зачувај си место.

 

 


 

3 нови вработувања

Успехот се множи кога се дели! Горди сме на Виктор (Академија за програмирање) , Даниел (Академија за QA) и Никола (Академија за UX) кои ја оправдаа нашата доверба. Во време на пандемија – кога секоја држава на светот живее во неизвесност – секогаш има работа за посветени луѓе кои работат на себе. Горди сме! Ви посакуваме долга и успешна кариера во која ќе уживате.

 


 

3 нови членови во тимот

Топло добредојде на Јана, Александар и Фросина кои се најновото освежување на нашиот тим. Ќе работиме на тоа да ви биде убаво на работа! 

 


 

Креиравме визуелен извештај за иднината на работните места

Дознај како глобалните трендови ќе го диктираат развојот на пазарот на труд и кои дејности и работни позиции ќе бидат најбарани во следните 10 години, а кои ќе бидат во опаѓање.

 



 

Нашиот Barketing тим е посилен од било кога

Тимот кој најмалку го експонираме, но во секое време пружа безрезервна поддршка. Запознајте ги Ото, Марс, Џој и Оли – Barketing тимот на Brainster.

До следниот месец!

Related Stories For You

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!