Даниел Младеновски е алумни од Академијата за Software Testing, кој што успеа да се вработи веднаш по нејзиното завршување како software tester во компанијата BetOxygen. Негова амбиција, посветеност и желба за промена му помогнаа да ја направи посакуваната кариерна трансформација и да ги оствари своите цели.

 

Прочитајте што ни кажа Даниел за неговото ново работно место и искуството на оваа Академија

 

Здраво Даниел, кажи ни нешто за себе!

Здраво дечки!  Јас сум Даниел и за себе можам да кажам дека сум многу енергичен, амбициозен и упорен. Она што ќе ме заинтересира не го оставам на пола, туку го проучувам и целосно се посветувам на истото. Желбата нѐ води, а посветеноста кон нештата нѐ опишува како личности кои се стремат кон остварување на своите цели.

 

Што влијаеше врз твојот избор за да се запишеш на Академијата за Software Testing?

Се запишав на оваа Академија бидејќи сакав да направам некаква промена во мојот живот на поле едукација. Сметав дека можам да се истакнам во оваа сфера и да покажам во најдобро светло со што би напредувал понатака. Да бидам искрен, воопшто не беше лесно, но со труд и верба сѐ сe постигнува.

 

Како си поминуваше на предавањата?

Предавањата беа доста интересни, професионалниот пристап од страна на инструкторите постојано ме мотивираше и бев сигурен дека сум на вистинското место. За многу краток период се здобив со навистина многу знаење и тоа ме воодушеви.

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за Software Testing?

Вештините како забележување на ситни детали, внимателност, посветеност, “thinking out of the box” и педантност, ми помогнаа полесно да се снајдам и да ја совладам материјата. Знаењата кои ги стекнав од Академијата ми овозможија полесно да се вклопам на работното место.

 

Раскажи ни како е на новото работно место. Како изгледа работен ден на еден тестер?

Ново работно место, нови предизвици. Сѐ уште сум на почетокот, но добро се снаоѓам и се вклопувам. Се вработив во BetO2 и можам да кажам дека ми е многу интересно.

Работниот ден ми започнува, како и вообичаено, со утринско турско кафе, а по кратката пауза веднаш се фаќам за работа. Прво имаме daily scrum каде се разгледува што е сработено, а потоа се распределуваат обврските за текот на работниот ден. По daily scrum-от  седнувам и ја извршувам зададената задача.

 

Што би им препорачал на сите оние кои што сакаат да ја одберат оваа професија? Кој е твојот совет до нив?

Би им препорачал да веруваат во себе, доколку сакаат да направат некаква промена -нека започнат веднаш. Да се соочите со некој предизвик е секогаш подобар избор отколку да се откажете. Исто така, ќе се гордеете со себе и со она што ќе станете во иднина, знаејќи дека правилно сте ги искористиле времето и ресурсите. Нема да згрешите ако инвестирате во себе!

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Мојот план за иднината е да напредувам во оваа сфера како тестер, а потоа да се надградам и во друга област од програмирањето, но тоа понатаму. Приоритетна цел ми е да станам професионалец во QA.



Ако поседуваш аналитичен ум и внимаваш на деталите, склон/а си кон перфекционизам и имаш аспирации да влезеш во IT светот, Академијата за софтвер тестинг е правилниот избор за тебе!

Закажи информативна средба со координаторот на Академијата тука.