Тестирањето на софтверот е она што му дава вредност на крајниот продукт

 

Фросина Трипуноска е Senior Software Tester во Endava, со докажана експертиза во автоматско тестирање. Од неодамна Фросина се приклучи на нашиот тим на инструктори на Академијата за Software Testing.

Модулите кои што таа ги предава се од областа на автоматското тестирање, поконкретно ,,Вовед во објектно-ориентирано програмирање’’, ,,Selenium Web Driver’’ и ,,Appium’’.

Со позитивен став и харизма, Фросина несебично го дели своето знаење и искуство со студентите. 


Прочитајте повеќе за почетоците на нејзината кариера и искуството како инструктор на нашата Академија

 

Здраво Фросина, кажи ни нешто повеќе за себе.

Здраво, јас сум Фросина и работам како automation tester. Од почетокот на мојата кариера се насочив кон тестингот. Верувам дека за да тргнам во таа насока влијаеше и тоа што уште како мала бев прилично организирана личност, доста упорна и секогаш внимавав на деталите.

По природа сум позитивна и енергична, пробувам да го извлечам најдоброто од секоја ситуација и сакам да сум опкружена со луѓе. Затоа чувствував дека позицијата ментор на Академијата за Software Testing ќе биде вистинската работа за мене со оглед на тоа што отсекогаш сакав да бидам предавач. Сметам дека споделувањето на знаењето и искуствата е најважна работа за личен напредок, и се водам според тоа дека: Knowledge shared is knowledge squared.

Голем дел од слободното време го користам за читање книги и се стремам кон тоа да поседувам цела библиотека ( до сега добро ми оди 😄). Доста време посветувам и за надградување на себеси, преку учење нови технологии и истражување на некои понови алатки за тестирање.

Нешто со што во последниов период си го исполнувам времето е  „Cypress testing framework“, кој што се користи за автоматско тестирање. Исто така сакам и многу да патувам и често бев на најразлични дестинации пред пандемијата.

 

Колку време се занимаваш со оваа професија? Како одлучи дека софтвер тестингот е вистинскиот избор за тебе?

Со тестинг на софтвер се занимавам веќе три години. Одлуката да започнам со оваа професија произлезе од мојата љубопитност и ентузијазам за нови работи. Случајно наидов на оглас за пракса за Quality Assurance Engineer и одлучив да се пријавам. Oписот на работните обврски опфаќаше нешто што дотогаш го немав изучувано на факултет по некој конкретен предмет, па си реков „зошто да не“ и не згрешив.

Започнав со мануелен тестинг, па така сфатив колку тестингот е есенцијален дел од развојот на софтвер и колку малку внимание му се посветува. 

Бев одлучена да продолжам да учам за тестингот и да се надградувам за да можам да придонесам кон квалитетот на она што се девелопира. Тестинг на софтвер не претставува само наоѓање багови, туку и му даваме вредност на крајниот продукт. Затоа што сакав да се занимавам и со програмирање за работата да ми биде уште поинтересна одлучив да се насочам кон automation testing. 

 

Како изгледа еден работен ден на тестер и како се справуваш со предизвиците кои што произлегуваат од твојата работа?

Еден работен ден на тестер е прилично динамичен. Започнуваме со дневните состаноците, ги делиме обврските за тој ден и почнуваме со работа. Најпрво ги анализираме барањата, ги разрешуваме дилемите на состаноците заедно со тимот и клиентите. Го одбираме пристапот на тестирање, каков тип на тестови ќе правиме, што треба да се автоматизира, што ќе истестираме мануелно.

Ги пишуваме тестовите, и автоматските и мануелните, ги извршуваме и секогаш дискутираме со другите членови од тимот доколку нешто сметаме дека не е правилно или може да биде направено поинаку. Баговите што ќе ги најдеме при процесот ги пријавуваме детално, затоа што во оваа професија многу се важни деталите. 

Предизвици има секојдневно. Со нив се справувам со многу упорност, со тимска работа и пробување на најразлични варијации на решенијата кое бара и многу трпение.

 

Од неодамна започна да работиш како инструктор на нашава Академија за Software Testing. Раскажи ни нешто за твојот модул и како полесно студентите можат да ја совладаат тематиката?

Првиот модул на кој што предавав беше „Вовед во објектно-ориентирано програмирање“. Тој е структуриран за секој да може да го слуша и разбере, кој исто така претставува одлична основа за модулот „Automation Testing“. Почнуваме од самата дефиниција за тоа што е всушност програмирање, што е програмски јазик, зошто е подобро објектно-ориентирано, па се до пишување код, решавање задачи и имплементирање на логика.

Морам да кажам дека нема поубаво чувство од тоа да запознаеш многу нови луѓе кои сакаат да научат нешто ново и да направат промена во кариерата. Во тестирањето и програмирањето постојат мал милион пристапи за едно решение и секој има различен начин на размислување. За тоа да дојде до израз важно е самостојно решавање на задачите, нормално со поставување многу прашања, давање насоки и идеи.

Многу ме израдува фактот што часовите беа интерактивни, успеавме да ги мотивираме студентите да размислуваат како програмерски би пристапиле на одреден проблем. За да се совлада тематиката треба многу, многу вежбање, посветеност и трпение. Учење на нова вештина е исто како учење на нов говорен јазик, треба време и труд.

За таа цел на часовите заедно со студентите програмираме и ги анализираме задачите. Секогаш ги охрабрувам да прашуваат сè што е нејасно, ако немаат идеја како би решиле одреден проблем да го продискутираме уште малку. И најважно од сè – нема лоши прашања, лошо е доколку никој ништо не прашува. 

 

Што би им препорачала на идните софтвер тестери? Кои вештини мора да ги поседуваат за да успеат?

Најважната работа е да не се откажуваат. Предизвици ќе има многу, но сето тоа е дел од работата. Истрајноста и посветеноста се многу важни во процесот на изучување, како на софтвер тестинг, така и за било која друга професија. Сметам дека сè може да се научи со доволно вложен труд и со квалитетна програма, како и тим на луѓе кои ги нуди оваа Академија.

Еден успешен тестер треба да го има совладано пристапот на решавање на проблемите, начинот на размислување и да е секогаш подготвен да истражува и да испробува нови работи, да се стави во улогата на корисник и да размислува на тој начин.






Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Дополнително, можеш и да се регистрираш за претстојниот Software Testing вебинар насловен “Software testing | Основи на мануелно и автоматско тестирање”