Покрај тоа што е дипломиран музичар, Никола Матоски е студент од Академијата за UX/UI дизајн кој што реши да направи кариерна промена во една од најбараните и најплатените професии на денешницава.
Со голема амбиција и посветеност кон тематиката, Никола уште пред завршување на Академијата успеа да се вработи како UX/UI дизајнер во агенцијата за software development Ryaktive.
Во претходниот блог со Никола поразговаравме за причината поради која што одбрал UX/UI дизајн, а овојпат тој ни раскажа за новото работно место и искуството на оваа Академија.
Здраво Никола. Пред сѐ, честитки за новото работно место!
Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво дечки! Секогаш е најтешко да се зборува за себе, но еве би започнал од моите студентски денови. Имам дипломирано на Факултетот за музичка уметност во Скопје и по неговото завршување работев краток период како професор по музичко во приватното училиште „Јахја Кемал“. Во меѓувреме работев и како продуцент и букер на фестивалите „ДримОн“ и „Дримшорт“, а потоа запишав sound design на „ФИОФА“. За жал Факултетот прекина со работа поради административни проблеми и не успеав да го завршам во целост. Потоа работев кратко фриленс како графички дизајнер и ете ме конечно тука во Brainster како речиси дипломиран UX/UI дизајнер.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн.
Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата за UX/UI дизајн е дефинитивно правилен потег за мене и во целост ги исполни моите очекувања. Програмата е детално разработена и креира кадри кои по завршувањето веднаш се конкурентни на пазарот.
Какво беше твоето искуство како студент?
Кој беше најголемиот предизвик со кој што се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Па би рекол дека најголем предивик беше да се почне нова кариера од почеток без никакво предзнаење и за само неколку месеци да се најдам во нова професионална околина претходно непозната за мене.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Сите модули си имаат своја убавина бидејќи изучуваш различни аспекти од професијата и полека ја составуваш големата слика. Само што го завршивме модулот за „Front End“ на кој учевме како да кодираме, па би го издвоил како нешто сосема резлично од претходните модули и секако секоја чест за Горјан кој е одличен предавач.
Тековно на Академијата работите на кодирање на своето портфолио. Каков е процесот?
Моментално работиме на своите портфолија и наша задача е покрај дизајнот истите и да ги кодираме. Сите имаме моменти каде што помалку успоруваме со делот на кодирање, но за среќа предавањата се снимаат така што често се навраќаме на часовите за „CSS“ и „Java Script“ кога нешто не ни е јасно.
Уште пред да ја завршиш Академијата, успеа да се вработиш во компанијата Ryaktive. Како стигна до овде?
Благодарение на тимот за кариера на Brainster кој се грижи за идните работни позиции на своите студенти, бев поканет на интервју со претпоставените од компанијата за софтвер дивелопмент Ryaktive која има своја канцеларија во Скопје.
На интервјуто генерално ги презентирав проектите од моето портфолио и разговаравме за конкретни проблематики од UX аспект. Иако интервјуто траеше час и половина, сепак за мене помина многу брзо и што е најважно луѓето од Ryaktive беа задоволни од моето претставување. После неколку денови добив mail со кој што ме информираа дека сум примен како UX дизајнер во нивната компанија.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би користел?
За почеток очекувам многу состаноци на кои паралелно ќе учам и презентирам свои идеи и потенцијални решенија. Сè уште не знам кои алатки ќе бидат дел од процесите во компанијата, но очекувам да бидам дел од целиот UX процес за време на работните задачи, а тоа опфаќа интервјуа со stake holder-и, истражување, креирање персони, affinity diagrams, wireframes, style guides и слично.
И за крај, што би им препорачал на сите оние кои што сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизјанот?
Дефинитивно би ги охрабрил да го направат првиот чекор бидејќи е една од најбараните и најплатени професии во моментот. Светот постепено се дигитализира, а со тоа расте и потребата од квалификувани кадри од сферата на IT индустријата.
Заинтересирани сте за кариера како UX/UI дизајнер?
Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академија за UX/UI дизајн.
Исто така, можете да се регистрирате и за претстојниот UX/UI вебинар насловен „Кои UX/UI дизајн алатки треба да ги знам?“.