Сè додека не успеете, не се откажувајте

Виктор Гарески е алумни од Академијата за Full Stack програмирање,  кој што успеа да се вработи X3M Labs како full stack developer.
X3M Labs е IT компанија која што обезбедува софтверски услуги и решенија за клиенти на глобално ниво.

 

Прочитајте што ни кажа Виктор за неговото ново работно место и искуството на Академијата

 

Здраво Виктор, раскажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво дечки, јас сум Виктор Гарески, поранешен студент на Академијата за Full Stack програмирање.

Имам 24 години и за себе можам да кажам дека сум “freak” по технологија. Секогаш сум оптимистички настроен, лесно се справувам со секоја ситуација, а исто така обожавам да разговарам на теми кои што се однесуваат на IT светот. Слободното време сакам да го поминувам гледајќи филмови или дружејќи се со моите пријатели.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Full Stack програмирање успеа да се вработиш, какво беше твоето искуство како студент?

Brainster буквално ми го промени животот. Кога ја работев првата задача што ни беше зададена од инструкторот, уште еднаш сфатив колку јас навистина сакам да кодирам. Тимот на Brainster е одличен и достапен за студентите во секое време. Покрај тоа, самостојната работа и интересот се многу важни за успешно совладување на предизвиците кои ги наметнува оваа академијата.

           

Што најмногу ти се допаѓа во твојата професија?

Во мојата професија, најмногу ми се допаѓа тоа што секогаш може да се научи и да се види нешто ново. Исто така, го сакам чувството на задоволство кога ќе видам како некој код што сум го напишал – функционира.

Во компанијата каде што работам, опкружен сум со колеги кои што се одлични тимски играчи и од нив може многу да се научи. 

 

Како изгледа еден твој работен ден?

Мојот работен ден започнува со јако кафе. 🙂 
Потоа преминувам на моите работни задачи кои ми се испланирани од претходно. 

Понекогаш, се појавуваат и проблеми во работата, меѓутоа како што напоменав погоре, работам со одличен тим и секогаш успеваме да се справиме успешно со работните предизвици.

 

Како успеваш да се справиш со предизвиците кои ги носи твојата работа?

Секој предизвик е приказна за себе… Како што кажав и на почетокот, секогаш сум оптимистички настроен. Се трудам да го дадам максимумот од себе во справувањето со предизвиците и да се покажам во најдобро светло, бидејќи тогаш се чувствувам исполнето.

 

И за крај, што би им препорачал на оние кои што сакаат да научат програмирање?

Сите кои што сакаат да научат програмирање, да се впуштат во нови предизвици и да ја направат посакуваната кариерна трансформација, воопшто да не се предомислуваат!

Јас тоа би го кажал вака: “while (!(suceed = try()))” или во превод: додека нe успеете, не се откажувајте!

 

 

Доколку размислуваш за кариера во областа на Full Stack програмирање и си подготвен да учиш по програма која што е одлично прилагодена за почетници, спроведена од искусни инструктори, закажи информативна средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали.

 

Trending Stories That Might Interest You