Онлајн маркетинг – Научи со работа на реален проект беше уште еден успешен курс кој го организиравме со неколку повторувања. Секој од учесниците имаше можност сам да креира маркетинг кампања за реален пример. Курсот траеше 4 дена а беше посетен од страна на повеќе од 30 посетители кои директно беа вклучени во процесот на изнаоѓање на нови маркетинг канали и креирање маркетинг кампањи.
Што работевме на курсот Онлајн маркетинг – научи со работа на реален проект
На овој курс направивме сеопфатен преглед на онлајн маркетингот, ги истражувавме новите трендови и корисни алатки. Користејќи аналитика за сегментирање и таргетирање на користниците создадовме ефективна online marketing кампања.
Покрај основите на дигиталниот маркетинг, се запознавме и со различни типови на бизнис модели и креиравме баер персони. Научивме како да креираме контент стратегија и како да напишеме блог пост кој ќе опстои и ќе ни генерира посети. Преку сегментирање и таргетирање на вистинската публика креиравме Facebook оглас, научивме како да ги мериме ефектите и како да креираме оптимален профил на Социјалните Медиуми за нашиот бизнис. На следните фотографии можете да ја видите атмосферата на еден од курсевите за Online Marketing.
За кого е наменет курсот Онлајн маркетинг – научи со работа на реален проект
Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да научат маркетинг вештини за нивните моментални работни позиции, да направат промена во кариерата, или пaк да започнат со сопствен бизнис. Еволуцијата на дигиталниот свет во претходните 5 години комплетно го смени начинот на кој луѓето комуницираат, учат и конзумираат продукти или услуги. Повеќе од секогаш, брендовите имаат можност да стигнат до повеќе клиенти и да ги слушат нивните барања со цел да ја прилагодат својата порака, бренд и стратегија.
Бидете дел од промената, научете како да ги слушате вашите клиенти и да излезете во пресрет на нивните барања. На овој 4 дневен курс, низ примери и вежби ќе ги поминеме квантитативните аспекти, а најдобрите учесници ќе добијат можност за пракса во Brainster. И секако дека сите кои ќе го завршат курсот ќе се стекнат со сертификат.
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Онлајн Маркетинг, Online Marketing, контент маркетинг, стратегија, маркетинг, социјални медиуми, social media, kurs, курс, обука, бренд, digital marketing, buyer persona, маркетинг кампања